Села: Ако има договор меѓу Македонија и Грција, да се искористи моментот

Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците денеска од Охрид порача дека многу е важно ако постои договор меѓу Македонија и Грција да се искористи тој момент и да се отвори евроатлоанскиот пат на Република Македонија.

- За други наши ставови треба да се соберат органите на партијата, треба да се консултираме со нашите експерти и ќе имате наш став по прашањето. Македонија е секуларна држава и по секоја цена тоа треба да се чува. Ако веќе сме имале проблеми кои датираат од третиот век пред нашата ера, не треба да се враќаме на 9-от век пред нашата ера, рече Села.

Лидерот на движењето БЕСА Билал Касами рече дека се уште не добиле официјална информација околу предлог решението за името.

- Официјалниот став на БЕСА е името да ја рефлектира на реалноста на општеството во државата Македонија, а тоа е мултиетничноста и мултиконфесионалниот карактер. Секое друго име не ги претставува сите граѓани на Република Македонија. Лично сметам дека треба да остане ова име, се друго треба да биде нов договор со сите, рече Касами./МИА

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

притисни ентер