Кризната состојба на јужната и северната граница ќе се продолжи за шест месеци

 Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска даде согласност Собранието да донесе одлука за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница до 31 декември годинава.

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска даде согласност Собранието да донесе одлука за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница до 31 декември годинава, се со цел да се спречи евентуален наплив на мигранти.

Пратениците Горан Милевски и Павле Богоевски побараа од претставниците на МВР, МО и Центарот за управување (ЦУК) со кризи дополнителни информации зошто се продолжува оваа кризна состојба бидејќи, според официјалните податоци во транзитните центри во земјава има вкупно 167 мигранти.

Последниве два месеци според заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу се забележани зголемен број обиди за илегално преминување на македонската граница од мигранти.

Во последните две години, како што кажа, службите, пак, констатирале иста динамика на мигранти и опасност за влез во земјата. МВР, рече Нухиу, своите извештаи ги прави и врз основа на анализи и извештаи на Европол.

Директорот на ЦУК Агрон Буџаку појасни дека оваа одлука за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница треба да се донесе од превентивни причини.

- Се работи повеќе за превенција отколку за актуелна фактичка состојба, рече Буџаку.

Според него, има голем број илегални преминувања на мигранти преку нашата граница.

- Ние со нашите полициски сили, со нашата полиција, со локалната не можеме да се справиме со тие нелегални поминувања на границата и со тоа можат да профитираат луѓе што се занимаваат со трговија со луѓе кои ги пренесуваат мигрантите, кои се од различни страни, од Сирија, од воено жариште, но и од Авганистан и од Ирак, дури и од некои северноафрикански земји. Се работи и за економски и за луѓе кои мора да се проверат зарад безбедносни причини, рече Буџаку.

Дополнително, додаде тој, Армијата на Република Македонија (АРМ) не може да интервернира доколку не е прогласена кризна состојба, а полицајци на границата има и од земји на ЕУ. Не ја браниме само границата на Македонија туку и на Унијата.

- Со самото ние покажуваме дека сериозно се справуваме со овој ризик и потенцијално голем ризик, се очекуваме во земјите од Блискиот и Средниот Исток многу големи немири кои дополнително може да се зголеми рутата, предупреди директорот на ЦУК.

АРМ може да интервенира само ако е прогласена кризна состојба, предупреди заменик-министерот за одбрана Беким Максути.

- Мора да биде донесена ваква одлука за да имаме правен основ за да може АРМ да интервенира во случај на потреба, рече заменик-министерот, кој им предложи на пратениците пред следното продолжување на оваа одлука за шест месеци заеднички да ги посетат границите и полицајците кои работат на терен и ја обезбедуваат јужната и северната граница.

Од здравствен аспект ситуацијата во мигрантските центри каде што во јануари имало 49 лица, а во април оваа година 167 лица, според министерот за здравство Венко Филипче, е под контрола и не е констатиран никаков здравствен ризик. Мигрантските центри Винојуг во Гевгелија и Табановце во Куманово сега се под надлежност на здравствените домови во Куманово и Гевгелија, кои ја контролираат здравствената состојба на лицата кои таму престојуваат.

Според податоците на ЕК во април во Грција имало околу 5.000 мигранти, а сега се присутни околу 4.800 мигранти.

- Веројатно има одреден број од 400 лица кои најверојатно транзитирале низ Македонија. Одреден број во првите 24 часа се враќаат откако ќе им биде укажано дека после тој рок треба да аплицираат за азил, рече Филипче. /МИА

Поради поставување водоводен приклучок без вода неколку улици во Козле

 Поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул. „Милан Марковиќ бр. 7 без вода денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Милан Марковиќ“, „Копачка“, „Пијанец“, „Крчин“, како и дел од улиците „Козле“ и „Леринска“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на интервенцијата.

Кој беше Ебрахим Раиси

Раиси (63), секогаш со црн турбан на главата и верска облека, важи за ултраконзервативец и отворен поддржувач на јавниот ред.

Политика

Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран. Раиси беше претседател на Иран од 2021 година и ја водеше земјата во позадина на несогласувањата на меѓународно ниво и со внатрешни предизвици, оцени синоќа агенцијата Франс прес.

Во Иран во текот на ноќта траеше потрагата по исчезнатото летало, во кое, покрај Раиси, беа и шефот на дипломатијата Хосеин Амир Абдолахиан и уште двајца функционери.

Раиси (63), секогаш со црн турбан на главата и верска облека, важи за ултраконзервативец и отворен поддржувач на јавниот ред.

Раиси беше избран на 18 јуни 2021 година во првиот круг на гласање обележан со рекордно воздржување за претседателските избори и отсуство на силни конкуренти.

Тој го наследи умерениот Хасан Рохани, кој го порази на претседателските избори во 2017 година и не можеше повторно да се кандидира по два последователни мандата.

Раиси се појави зајакнат по парламентарните избори одржани во март и средината на мај. Тоа беа првите национални избори по протестното движење што го потресе Иран кон крајот на 2022 година по смртта на Махса Амини, млада жена уапсена поради непочитување на строгиот кодекс на облекување.

По тие избори, иранскиот претседател го поздрави „новиот историски неуспех на иранските непријатели по немирите“ во 2022 година.

Парламентот, кој ќе ја преземе функцијата на 27 мај, во голема мера ќе биде контролиран од конзервативните и ултраконзервативните табори, кои ја поддржуваат неговата влада.

Во последниве месеци, Раиси се претстави како жесток противник на Израел, заколнатиот непријател на Исламската Република, кој го поддржува палестинското исламистичко движење Хамас од 7 октомври, почетокот на војната во Газа.

Со тоа Раиси го оправда нападот без преседан на Иран на 13 април против Израел, со 350 беспилотни летала и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и уште неколку земји сојузници на САД.

Тој е ставен на црната листа во САД заедно со ирански официјални лица кои се санкционирани за „соучесништво во сериозно кршење на човековите права“, обвинение што го негираа официјалните лица на Техеран.

Роден во ноември 1960 година во светиот шиитски град Машхад на североисток, Раиси се искачи низ ранговите на судскиот систем во текот на три децении.

Тој имаше 20 години кога беше назначен за главен обвинител на Караџа, во близина на Техеран, за време на Исламската револуција во 1979 година. Потоа беше генерален обвинител на Техеран од 1989 до 1994 година, потоа заменик шеф на судството од 2004 до 2014 година, годината кога беше назначен за државен обвинител.

Во 2016 година, врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи го назначи за раководител на добротворната фондација Астан-е Кудс Разави, која управува со мавзолејот на Имам Реза во Машхад, како и со огромното наследство од индустриски и недвижен имот. Три години подоцна, тој стана шеф на главното тело на правосудните органи.

Раиси е оженет со Џамила Аламолход, професорка на Универзитетот во Техеран, со која има две ќерки кои завршиле факултети.

Видео: Минесота го победи Денвер и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот

Минесота тимбервулвс синоќа го победи Денвер нагетс со 98:90 во седмиот натпревар од четвртфиналната серија на НБА плејофот.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј од Денвер кој постигна 35 поени. Неговиот соиграч Никола Јокиќ оствари дабл-дабл 34 поени и 19 скока.

Минесота ја доби серијата со 4-3 и се пласираше во полуфиналето на плејофот каде ќе се соочи со Далас маверикс.

Пласман во полуфиналето синоќа избори и Индијана по победата над Њујорк со 130:109 во седмиот натпревар од четвртфиналната пресметка.

притисни ентер