Нов историски триумф на Марсел Хиршер

Австриецот Марсел Хиршер оствари нова победа во Светскиот куп (СК) во алпско скијање и тоа не било каква туку за влез во историјата.
Австриецот пред својата над педесет илјадна публика во австрискиот ски-центар Шладминг, одржана вечерва, триумфираше во слаломската трка.

Хиршер по двете возења оствари вкупно време од една минута 43,56 секунди, што беше за 39.стотинки побрзо од големиот конкурент, Норвежанецот, Хендрик Кристоферсон кој пред три дена ја прекина победничката низа од седум триумфи на Хиршер.

Третото место вечерва му припадна на Пвајцарецот, Даниел Јул кој имаше две секунда и 13 стотинки послабо време од победникот. 

За Хиршер ова беше девета победа сезонава, а вкупно 54-та победа во кариерата со што се израмни со неговиот сонародник Херман Мајер на вечната листа, на скијачи со најмногу победи во Светскиот куп. На првото место на оваа листа засега е неприкосновениот Швеѓанец, Ингемар Стенмарк кој во кариерата има остварено 86 победи./MИА

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа, според извештајот на холандската компанија за бизнис и услуги „КПМГ“.

Ревизорската куќа го проценува клубот од „Олд Трафорд“ на 3,255 милијарди евра. „Црвените Ѓаволи“ се најдоа на врвот на листата пред шпански тимови Реал Мадрид (2,92 милијарди евра) и Барселона (2,78 милијарди евра).

Германскиот шампион Баерн Минхен е рангиран на четвртото место со околу 2,55 милијарди евра.

Во ТОП 10 најскапи фудбалски клубови се најдоа уште и: Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Ливерпул и Тотенхем./МИА

Емери среќен што почнува ново поглавје со Арсенал

 Новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери изрази задоволство од можноста да биде предводник на англискиот великан.

- Среќен сум што можам да го предводам еден од најдобрите клубови во светскиот фудбал. Арсенал е познат и сакан во целиот свет благодарение на стилот на игра, работа со млади играчи, фантастичен стадион и како функционира клубот. Многу ми е драго што ми ја дадоа одговорноста да започнам ново поглавје во животот на Арсенал. Се сретнав со лидерите на клубот, тие имаат огромни амбиции. Тие сакаат да успеат во иднина. Воодушевен сум од она што можеме да постигнеме заедно, и со нетрпение ја очекувам можноста да им дадам посебни моменти на оние кои го сакаат Арсенал.

 

🔴 The next chapter... #WelcomeUnai

A post shared by Arsenal Official (@arsenal) on

Емери дојде на менаџерската позиција на Арсенал наследувајќи го легендарниот Арсен Венгер. 

Зидан не би го менувал Роналдо за Салах

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не би се откажал од Кристијано Роналдо на сметка на Мохамед Салах.

- Не би го менувал Кристијано, ниту кој и да е од моите играчи. Кристијано е најголем. Тој е најдобриот фудбалер кој ќе има огромно значење и во финалето. Ако се сумира, подобро е да го имаш Кристијано во тимот, бидејќи тој го докажува својот квалитет секоја година. Дури и кога не постигнува голови, тој знае дека потоа ќе може да реализира три или четири натпревари по ред. Знае како да го направи, да се справи со напнатоста и да се врати на врвот. Некои играчи не можат да се справат со тензијата. Меѓу другото и во тоа е поразличен Роналдо. Колку повеќе се зголемува притисокот врз него, колку повеќе го критикуваат, толку подобро игра, изјави Зидан.

Двајцата ќе бидат најголемите ѕвезди во финалето на Лигата на шампионите, а се очекува тие да бидат и најголемите конкуренти за „Златната топка“.

Салах и Роналдо имаат 44 гола за своите тимови во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, но 33-годишниот Португалец има 15 погодоци во ЛШ оваа сезона, пет повеќе од Египќанецот. 

притисни ентер