Во понеделник почнува 54. „Мавровски меморијал“

Од 13 до 15 февруари на патеките во Маврово ќе се оддржи 54-тиот нордијски куп „Мавровски меморијал“, кој се организира во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески рече дека со оддржувањето на Мавровскиот меморијал АМС ја продолжуваме традицијата на големи светски настани оддржани во Република Македонија.

- Влогот на многумина низ изминативе 54 години во организирањето на овој настан придонесе Мавровскиот меморијал да прерасне во настан кој го промовира Маврово и Република Македонија, оставајќи траен белег во спортот. Благодарение на посветеноста и заложбата на организаторите, а секако со поддршка од Агенцијата за млади и спорт и на останатите вклучени страни во организацискиот дел, Мавровскиот меморијал се издигна на ниво на домашен бренд од светски размери, кој низ годините успеа да го приближи нордиското скијање до најмладата популација, истакна Спасески.

Директорот Спасески информира дека за оваа година, Агенцијата за млади и спорт од својот буџет ќе издвои 500 илјади денари.

На Мавровоски меморијал се очекува учество на повеќе европски држави меѓу кои Србија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Турција, и двајца претставници од Доминиканската Република кои изразија желба за учество на Мавровскиот куп. Се очекува потврда и од Словенија и Романија, со што квалитетот би се искачил на највисоко ниво.

Стартот е закажан за понеделник, а во вторник и среда се трките во женска на пет и машка на 10 километри. Новина за оваа година е трката за деца, генерација 2002/2003 и 2004/2005, кои се планирани за 16-ти и 17-ти февруари

За македонската репрезентација ќе настапат Ставре Јада, Миланчо Крстевски, Дарко Дамјановски, Тони Станоески, Марио Куртески и Ненад Митевски во машка, и Викторија Тодоровска, Марија Коларовска, Викторија Јовановска, Росана Кировска, Ана Цветановска и Василка Дамјановска во женска конкуренција.

СП 2018: Се запали авионот на Саудиска Арабија

Авион во кој се наоѓаше експедицијата на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија се запали на нивното патување кон Ростов.

Пламен се појави на едно крило, но за среќа авионот слета безбедно во Ростов и трагедијата беше избегната. Огнот беше предизвикан од технички проблем со моторот на рускиот Ербас.

Од раководството на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија потврдија дека никој не е повреден и дека фудбалерите и стручниот штаб се безбедни.

- Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сака да ве увери дека членовите на репрезентацијата се апсолутно безбедни по малиот дефект на моторот на авионот, се вели во соопштението.  /МИА

СП 2018: Кејн во финишот и донесе победа на Англија против Тунис

 Англија со гол во судиското надополнување го совлада Тунис со 2:1 во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Англичаните во првиот дел ја оправдаа фаворитската улога и доминираа на теренот, при тоа имаа неколку сериозни шанси за погодок.

Англија со голот на Хари Кејн во 18-та минута поведе со 1:0. Меѓутоа, Тунис иако потешко доаѓаше до контрола на топката успеа во 35 минута со гол од пенал, кој успешно го реализираше Ферјани Саси, да израмни на 1:1.

Англиската репрезентација и во вториот дел продолжи со притисокот врз голот на Тунис, но изостануваше реализација се до 91-та минута кога Кејн повторно беше прецизен и донесе победа од 2:1.

Во првиот натпревар од оваа група Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0. 

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

притисни ентер