Меси ја спаси Барселона од пораз

Со голот постигнат од слободен удар во 90.минута од натпреварот со Виљареал, Лионел Меси обезбеди бод за Барселона која синоќа успеа да го избегне третиот пораз оваа сезона во Примера.
Резултати на натпреварите од 17.коло:

Еспањол – ДепортивоЛа Коруња1:1,
Реал Мадрид – Гранада 5:0,
Еибар – Атлетико Мадрид 0:2,
Лас Палмас – Спортинг Хихон 1:0,
Сосиедад – Севиља 0:4,
Атлетик Билбао – Алавес 0:0,
Бетис – Легањес 2:0,
Селта – Малага 3:1 и
Виљареал – Барселона 1:1.

Колото ќе биде заокружено вечер со средбата Осасуна – Валенсија (почеток 20:45 часот).

Табела: Реал Мадрид 40 бода (натпревар помалку), Севиља 36, Барселона 35, Атлетико Мадрид 31, Виљареал 30, Сосиедад 29,.../МИА

Касиљас застана во одбрана на Кариус

 Легендарниот шпански голман Икер Касиљас застана во одбрана на неговиот колега од Ливерпул Лорис Кариус.

 Кој повторно се најде на удар на критиките заради неколкуте грешки на пријателскиот натпревар со Борусија Дортмунд на кој англискиот тим претпе пораз од 3:1.

- Овие напади врз Лорис Кариус треба да престанат. Ова се однесува за него, но и за многу други голмани. И тој е само човек како и сите ние, истакна 37-годишниот голман на Порто.

Претходно, голманот на Ливерпул беше критикуван и за грешките во финалето на Лигата на шампионите во кое англискиот тим беше поразен со 3:1 од Реал Мадрид. Поради тоа и самиот Кариус побара неумесните обвинувања да престанат, а доби поддршка и од тренерот Јирген Клоп. 

Парма ќе ја започне Серија А со - 5 поени, ѕвездата на тимот аут за две години

Повратникот во Серија „А“, Парма нема да биде изваден од елитата на италијанскиот фудбал. 

Оваа одлука ја донесе Националниот федерален суд на Италија, кој го казни тимот со одземање пет поени од сезоната 2018/2019 година, а исто така го исфрли Емануеле Калајо за две години од фудбалот. Првиот стрелец на екипата треба да плати и парична казна од 20.000 евра.

Напаѓачот беше фатен како разменува СМС-и со играчите на Специја пред натпреварот помеѓу двата тима кои ја донесоа промоцијата на Парма. 

Тимот првично беше загрозен од исфрлање од Серија „А“, како и одземање два бода од претходниот шампионат во „Б“ девизијата. Ова, сепак, ќе наложеше да се направат радикални промени, бидејќи „војводите“ влегоа директно, а со одземањето на два бода ќе требаа да играат во плеј-офот во минатогодишната сезона, каде што ќе требаше да се одиграат сите мечеви одново. 

Па така Парма остана во елитата, но ќе започне со минус пет бода, а главната цел пред екипата ќе биде останување меѓу најдобрите на Апенините. 

Хенес за Озил: Се радувам дека се повлече, не игра ништо со години

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес го нападна халфот на Арсенал, Месут Озил, кој вчера изненадувачки се повлече од репрезентацијата на Германија.

- Многу се радувам дека овој кошмар заврши. Тој не игра ништо со години. Последниот освоен дуел со него е пред Светското првенство во Бразил во 2014 година. А сега се сокри зад оваа слика (со турскиот претседател Ердоган -н.з.) за да ја оправда слабата игра. На Светското првенство во Русија никој не го постави прашањето зошто тој игра толку слабо, изјави Хенес пред „Билд“.

Хенес продолжи со нападите и за неговата презентација на клупско ниво.

- Секогаш кога сме играле против Арсенал, сме напаѓале во неговата зона, бидејќи сме свесни дека тој е нивната најслаба точка, вели претседателот на германскиот шампион.

притисни ентер