Видео: Нервозниот Јужни го скрши рекетот

Рускиот тенисер Михаел Јужни е познат како еден од најтемпераметните и најнервозните учесници во белиот спорт.

Јужни е посебно немилосрден кон своите тениски рекети.Својот бурен темперамент рускиот тенисер го демонстрираше и во осминафиналето на Ролан Гарос  на мечот против искусниот Германец Томи Хас.

Јужни во дуелот против Хас беше неможен и во трите сета успеа да освои само 5 гемови.

Нервозата и бесот од лошата игра Михаел Јужни како и многупати претходно  ја испразни на рекетот . Според Јужни рекетот е секогаш главен виновник за се.
Нервозниот Јужни во напливот на бес го скрши рекетот.

притисни ентер