ФА Куп: Челзи го елиминира Манчестер Јунајтед

Екипата на Челзи попладнево на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 во повторениот натпревар од четвртфиналната фаза во англискиот ФА Куп.

Како што јави МИА, единствениот погодок за „сините“ од Лондон беше дело на Демба Ба во 49.минута.

На првиот дуел одигран во Манчестер на 10 март резултатот беше 2:2.

Противник на Челзи во полуфиналето ќе му биде Манчестер Сити. Овој дуел ќе се одигра во Лондон на 14 април.

Ден порано (13 април) во другото полуфинале ќе играат Милвол - Виган.
притисни ентер