Премиерот Мицкоски на годишниот состанок на управниот одбор на центарот за извонредност во финансиите-ЦЕФ
2Премиерот Мицкоски на годишниот состанок на управниот одбор на центарот за извонредност во финансиите-ЦЕФ
3Кошмар во национален парк: Се преврте камион со 250 милиони пчели- роеви ги напаѓаат минувачите (ВИДЕО)
СветУжасни услови за работа во погоните на најбогатиот човек на светот Условите во складиштата на компанијата Амазон се под секое човечко достоинство , утврди новинарот Џејмс Бладворт , кој работел таму за да ја истражи вистината. Во складиштата на компанијата што ја поседува милијардерот Џеф Безос нема пауза. Вработените не смеат да разговараат со колегите , вршат нужда во шишиња , не смеат да јадат , добиваат казна за боледување и сето тоа за плата од 2250 долари. Откако приказната на Бладворт излезе во јавност , вработените почнаа да раскажуваат за нивните искуства . Од Амазон ги негираат неговите наводи . Велат дека во компанијата низ целиот свет работат околу половина милион луѓе кои земаат компетитивна плата. Компанијата само во првите три месеци годинава оствари приход од 51 милијарда долари и нето добивка од 1,63 милијарди. За да се постигне тоа , работниците мора да исполнат норма , така што немаат време за пауза. Едноставно , за да отидат во тоалет мора да поминат детектор за метал и чекањето во ред и патот надвор од салите само во една насока им одзема десет минути . Вработените велат дека не пијат вода за да не мора да одат во тоалет. За да ја исполнат нормата за плата , немаат време ниту да јадат , а уште помалку да разговараат , раскажуваат вработените. Новинарот , додека работел во Амазон со цел да се запознае со состојбите со правата на работниците, побарал и боледување , за што добил негативни поени. ,, Многу сум горд на условите за работа и платите што им ги даваме на вработените”, изјави најбогатиот човек на светот Џеф Безос , чие богатство од 131 милијарда долари делумно е заработено во Амазон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
МакедонијаАмандманска расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска службаДенеска во собранието на дневен ред е амандманска расправа по предлог на законот за судска служба и предлог на законот за јавнообвинителска служба, и двата во второ читање.За предлог-законот за судска служба поднесени се над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, а за јавнообвинителска служба 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, вчера преку соопштение, информира дека поднеле 82 амандмани на двата предлог закони, со став дека тие ја загрозуваат независноста на судството и ја влошуваат положбата на вработените во правосудниот систем. Заменик-министерот за правда, Ален Деребан во образложението потенцира дека предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба се резултат на повеќегодишна работа, според него работната група ги изработила текстовите на законите пред една година биле доставени бројни забелешки и предлози од релевантни институции, стручната јавност и засегнатите страни, кои биле внимателно разгледани и соодветно вградени во нацрт-текстовите.– рече Деребан.Тагови: собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски на годишниот состанок на управниот одбор на центарот за извонредност во финансиите-ЦЕФПретседателот на владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, ќе учествува на годишниот состанок на управниот одбор на центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ. Центарот за извонредност во финансиите , е водечка регионална институција и доверлив партнер за реформи, која им помага на земјите од Југоисточна и Источна Европа во зајакнувањето на јавните институции, забрзувањето на реформите и унапредувањето на процесот на европска интеграцијаТагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на гориватаРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата. По неколку месеци раст на цените на горивата, денеска се очекува намалување на цените . Намалувањето на цената на суровата нафта на светските берзи и позитивните сигнали од мировните разговори на Блискиот Исток ги зголемуваат очекувањата дека веќе возачите ќе плаќаат помалку за гориво. Премиерот христијан мицкоски изјави дека според владините пресметки, бензините би можеле да поевтинат за околу четири денари по литар, додека кај дизел горивото се очекува намалување и до седум денари. Сепак, конечната одлука ќе ја донесе регулаторната комисија за енергетика на редовната седница денеска. Експертите оценуваат дека понатамошното движење на цените ќе зависи од развојот на геополитичката состојба, цената на суровата нафта и курсот на американскиот долар. Владата очекува до крајот на годината нафтата да се стабилизира во распон од 70 до 80 долари за барел, што би можело да придонесе за подолгорочна ценовна стабилност на домашниот пазар на горива.Тагови: Регулаторната комисија за енергетика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter