Хорор во туристичкиот рај

Туристите беа шокирани кога забележаа безживотно тело на песочниот брег на преполната плажа во ексклузивното летувалиште Канкун.
Морето исфрли тело на маж на преполната плажа во ексклузивното Мексиканско летувалиште Канкун. Во пресметки меѓу нарко бандите само во последните 36 часа биле убиени 14 лица , а едното од нив водата го донела до плажата. Канкун е едно од најпознатите ексклузивни летувалишта на светот , каде за време на Велигденските празници имало над 112 000 туристи од целиот свет. Во регионот околу Канкун од почетокот на годинава биле убиени 100 лица во пресметки меѓу нарко картелите.
Според медиумите во Мексико , ова е најкрвава година по 2004 . Поради ваквата состојба . Министерствата за надворешни работи на повеќе земји од светот ги предупредуваат своите туристи да го избегнуваат Канкун и Акапулко како дестинација за годишен одмор .

Американскиот Стејт Департмент во март издаде вакво соопштение со кое ги предупредува туристите особено да внимаваат на областа Плаја Дел Кармен , што се наоѓа меѓу Канкун и Тулум.

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер