Законите се кршат “пред очите” на полицијата

Една кратка прошетка низ главниот град со критички поглед кон тоа што се случува во него е доволно да се заклучи дека закони се кршат пред очите на полицијата.
Во некои случаи таа реагира, но многу често не. Речиси секоја раскрсница е  “окупирана” до луѓе кои агресивно настојуваат да ви ја исчистат колата, питачи, деца и бебиња искористувани за питачење, сива економија, па дури и проституција сред бел ден. Полицијата е тука, го гледа тоа,  но реакција многу често нема.

Има неколку невралгични точки во Скопје, со кои очигледно полицијата не може и неможешњ да се справи со години наназад.

Од МВР велат дека не можат сами да ги решат овие проблем и дека тоа треба да го прават во соработка со другите институции. Проблем  за ниц е и недостаток на полицијаци. Сепак ветуваат дека во иднина со засилено темпо ќе тргнат во решавање на овие очигледни проблеми.

Сепак, барем засега оправдани се забелешките на голем дел од граѓаните дека законите не важат подеднакво за нив и за некои други луѓе, а таквиот заклучок го носат од секојдневниот призор на не казнување на кршењето за законите пред очите на полицијата.

Без вода утре дел од општина Карпош

Без вода утре од 09:00 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Партизански одреди“, зградите во близина на Неуромедика и улица „Црвена вода“, во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80 мм, на булевар „Партизански одреди“ број 38. /МИА

Романија: Демонстрантите упаднале во зградата на Парламентот (фото)

Демонстрантите влегле во зградата на Парламентот на Романија, каде одржале протест против законот за кои изјавуваат дека ќе ја олесни корупцијата на високо ниво.

Демонстрантите успеале да влезат во Парламентот во придружба на пратениците од опозициската партија „Сојуз за спас на Романија“ (USR).

Тие испоседнале пред канцеларијата на Ливиу Драгне, лидерот на владејачките социјалдемократи, кои не може да биде премиер бидејќи е осуден поради местење на избори.

Ја повикаа романската управа за борба против корупцијата да “дојде и да го одведе“ и држеле транспарент: „Гнездо на крадци и мафијаши“. Телевизиските станици го пренесуваа во живо протестот.

Ненадејниот протест почнал додека премиерката Виорика Данчила држела говор во Парламентот за претстојното претседавање на Романија на Европската унија.

Пратениците во понеделникот одобрија ревидиран кривичен закон кој критичарите го нарекоа чекор наназад во процесуирањето на корупцијата.

 

Курц: Виновни се оние кои ги отворија границите за мигрантите

Австрискиот канцелар Себастијан Курц предупреди на опасноста од понатамошно заострување на бегалската криза поради спорот со политиката за азил во Германија.

Пред состанокот со претставниците на владата на германската покраина Баварија во Линц, изјавил дека Австрија подготвува мерки за враќање на мигрантите од германската граница, за што се залага германскиот министер внатрешни работи Хорст Зехофер.

„Мораме да бидеме подготвени на тоа дека националните контроли на границите во Европа ќе бидат засилени, поаѓајќи од Германија“ – нагласил Курц додавајќи дека е во интензивен контакт со министрите за одбрана и внатрешни работи.

Тој повтори дека Австрија не сака да се меша во внатрешната дебата во Германија врзана за политика спрема мигрантите, но сепак ја критикуваше досегашната политика на германската канцеларка.

„Тие кои во 2015 година ги отворија границите се виновни за тоа што денеска постојат гранични контроли меѓу Австрија и Баварија, Унгарија и Австрија, Италија и Австрија, и што ситуацијата можеби ќе биде уште полоша“ – порача Курц.

Курц предупреди дека не може да се чека катастрофата да стане толку голема како во 2015 година.

притисни ентер