Во Маврово четири сантиметри снег, времето претежно облачно со слаб дожд

- Висината на снежната покривка утрово во осум часот во Маврово изнесува четири сантиметри, во Крушево два и во Лазарополе еден сантиметар.
Најстудено утрово е во Маврово каде се измерени -2 степени, додека во Крушево и Лазарполе нула. Во Скопје, Охрид, Битола, Тетово, Виница се измерени четири степени, додека во Гевгелија и Дојран шест степени.

До осум часот најмногу дожд од околу пет литри на метар квадратен наврна во Пожаране.

Денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, кои повеќе беа застапени во југоисточниот и југозападниот дел од земјава, на планините во северозападниот дел има врнежи од снег.

Претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10 степени.

Во Скопје, претежно облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени

Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места. Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава. 

Ердоган со двојна победа на изборите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на предвремените претседателски избори во Турција, а неговата партија на парламентарните избори.

Според резултатите од над 91 процент од гласовите , Ердоган освоил 53,16 проценти , со што го обезбеди новиот петгодишен мандат .

Неговиот најсериозен противкандидат Мухарем Инче освои 30 , 54 проценти , а останатите четворица кандидсати помалку од десет проценти од гласовите.

И владејачката партија АКП на Ердоган победи на парламентарните избори со 54 ,14 проценти од гласовите . Одѕивот на 56 милионското гласачко тело бил 87 проценти .

Опозицијата имаше голем број забелешки за изборни нерегуларности , особено на југоистокот на земјата .

Заврши трилатералната средба на Могерини со Тачи и Вучиќ

Во Брисел заврши средбата на шефицата на Европската дипломатија Федерика Могерини со претседателите на Србија и на Косово.

Пред заедничката средба , Могерини одвоено се сретна и разговараше со Александар Вучиќ и Хашим Тачи за надминување на проблемите меѓу Приштина и Косово. Во тек е повторно средба на Могерини со Вучиќ , а можно е во текот на вечерта да се одржи и состанок меѓу двајцата претседатели , за потоа сите тројца да имаат уште една рунда преговори. Како што јавуваат српските медиуми , по завршувањето на преговорите е најавена писмена изјава од Европската Комисија .

,, Договорено е сите проблеми да се решаваат на мирен начин , со взаемна почит. Тоа е многу важно за Србите на Косово , за сите граѓани на Србија . разговаравме за тоа да се фокусираме на дијалог , да покажеме дека можеме да разговараме и да поченме да ги решаваме отворените проблеми . Не сум преголем оптимист , но отворивме многу прашања ,”, изјави Вучиќ по средбата во Брисел.

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека состанокот бил тежок , но станува збор за решавање на стогодишен проблем. ,, Не сум наивен па да мислам дека веднаш ќе пронајдеме итно и магично решение за иднината . Не можеме да останеме жртви на горчливото минато , туку да гледаме кон иднината и придобивките за нашите земји и граѓани “ , рече Тачи кој очекува големи придобивки од ЕУ по нормализацијатан на односите со Србија.

Макрон на удар на јавноста поради фотографија со ЛГБТ група

Францускиот претседател Емануел Макрон е на удар на јавноста , откако денеска на социјалните мрежи беа објавени фотографиите со ЛГБТ музичка група во Елисејската палата.

Претседателот Макрон и неговата сопруга Брижит се фотографирале во Елисејската палата со дел од учениците на отворениот музички ден . На една од фотографиите претседателската двојка е во друштво со ЛГБТ музичка група . јавноста го обвинува за понижување на претседателската функција.

Меѓу најгласните критичари беа политичарите од десницата , како Мари ле Пен која го критикуваше Макрон з аначинот на кој се потсмева со местото каде вообичаено со високи почести се примаат странски државници.

Фотографијата била направена од шефот на протоколот на Брижит Макрон , а потоа објавена на социјалните мрежи . ,, Викајте ме господин претседател “ , напишаа иронично дел од пратениците , алудирајќи на пораката што Макрон им ја упати на младите да се однесуваат кон него со почит.

Најмногу коментари предизвика маицата на еден од музичарите , Киди Смајл на која пишуваше :,, Јас сум син на мигрант , црн сум и геј”.

притисни ентер