Масовни протести во Романија поради даночните измени

Илјадници Романци учествуваа синоќа во антивладини протести во 10 градови противејќи се на новите даночни измени за кои сметаат дека ќе предизвикаат намалување на платите.


Демонстрантите во Букурешт извикуваа „оставка“ и носеа романски знамиња, повторно фрлајќи тоалетна хартија како и во изминатите два дена.
Романската влада на 8 ноември со декрет усвои непопуларна мерка со која трошоците за плаќање придонес за социјално осигурување се префрлаат на работниците што досега беше обврска на работодавецот. По усвоените мерки, вредноста на националната валута се намали на најниско ниво од 2012 година.

Со таа мерка, Романија стана единствена членка на ЕУ која сиот товар на социјални придонеси го префрли на вработените.

Пожар изби во куќа зад Универзална сала, интервенираа противпожарните екипи

Избегната трагедија во скопски центар, со херојска реакција на соседите во последен момент спасени се 80 годишен маж и неговата сопруга, по пожарот кој избил во нивниот дом позади Универзална сала.

Нивниот сосед Александар Петковски, сопственик на кафеаната од спротива вели само што го виделе чадот, со неговиот вработен без размислување притрчале во помош соочувајќи се со огнот, свесни дека таму живеат повозрасни и изнемоштени лица и дека ќе им треба помош да се евакуираат.

-Тука сме комшии со луѓето, наеднаш искочи некој пожар, почна да се крева некоја паника, ние како комшии, како добри соседи, пријатели, излеговме во пресрет, влеговме во да видиме што се случува таму, наеднаш настана некоја фама, некоја галама, дадовме се од себе им рековме на луѓето да излезат, да им помогнеме, тоа е што видовме, страшно, жално , -Александар Петковски – Сосед.

Куќата чија внатрешност се претвори во пепел, е изградена во 1936 година, а според она што ни го кажаа на терен, сопствениците се сомневаат дека до пожарот дошло поради палење на инсталацијата.

Сопствениците се сомневаат дека пожарот настанал од полнач приклучен во спалната соба, а пламенот се проширил за неколку секунди низ целата куќа.

По само кратко време од пријавувањето пожарникарите, брзата помош и полицијата се појавиле на самото место. Сопствениците биле веднаш прегледани од медицинските екипи, кои констатирале дека се во добра состојба. Пожарникарите пак кои го локализираа огнот, неколку часа се бореа целосно да го изгаснат истиот, а најмногу главоболки им создадоа даските на таванот..

Увид во состојбата направиле и инспектори на О. Центар. Од таму за Канал 5 ТВ велат дека во вакви случаи следува еднократна парична помош, но дури откако МВР и ОЈО ќе ја утврдат причината и ќе направат записник за материјалната штета. По собирањето на комплетната документација, велат, сопствениците можат да поднесат барање до локалната самоуправа.

Поплава на токсикологија, пукнала цевка од парно на третиот кат

Поплава на Клиниката за токсикологија. Од пукната цевка од радијатор час и половина течело вода. 

Дефектот се случил од една во лекарските соби на вториот кат на клиниката. Дежурен доктор повикал помош од вработен од клиниката кој ја успеал да го среди дефектот. Поплавата стигнала и до вториот кат, во сите лекарски соби каде има ламинат, водата поплавила и болнички соби од првиот кат, водата стигнала и до подрумските соби, раскажуваат извори од клиниката за Канал 5. Од министерството за здравство велат дека контактирале со клиниката и им било кажано дека дефектот е поправен.

Извори од клиниката за Канал 5 велат дека ова не е прав ваков дефект и затоа на прес конференција вработени до клиниката бараа да се регагира до економската директорка Бесија Иљази која освен што не ставила потпис за вработување на потребните биолози на клиниката таа не ставила потпис ниту за одлуката каде се барало да се осигура клиниката.

Штета од поплавата има и треба да допрва се калкулира колку ќе ја чини клиниката синоќешната поплава.

По најавата од министерот Илир Демири дека ќе го разреши медицинскиот директор Данил Петровски засега нема таква одлука зошто станува збор за изборен период и нема разрешување. Според министерот, Петровски не сакал да потпише продолжување на работните договори за 18 хонораци.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата за 15 отсто

Дали граѓаните сепак ќе се спасат од поскапување од 15 отсто на осигурувањето за регистрација на возилата?

Ова прашање се отвори откако Националното биро за осигурување првично донесе ваква одлука, но ја оспори Агенцијата за супервизија на осигурување, која ја смета за неоправдана. По нивно барање, денеска итно се состанала Комисијата за осигурување во Министерството за финансии која го има последниот збор.

Од финансии соопштија дека веќе побарале објаснување од Националното биро, а нивните аргументи ќе ги разгледуваат на седница во понеделник, а во меѓувреме се обратиле и до Комисијата за зашита на конкуренцијата со цел да испита дали се прекршеници правилата за фер и конкуренто однесување.

Новите цените на осигурувањето што ги опфаќат возилатаа со моќност на моторото над 44 киловати, стапија на сила од вчера, а денеска Агенцијата за супервизија на осигурувањето соопти дека по извршените актуарски пресметки, утврдиле дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

-Го информиравме и доставивме предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност – соопштија од таму.

Граѓаните, што ги анкетиравме велат дека одлуката да поскапи осигурителната полиса е неправедна.

Доколку останат цените што ги одредило Националното биро, сопствениците на возила со моќност на моторот од 44 до 55 киловати наместо 5.453 денари, сега за осигурување ќе треба да платат 839 денари повеќе, односно 6.292 денари.

Од 6.166 на 7.116 денари се зголемува цената за возила со моќност од 55 до 65 киловати, додека пак 1.100 денари повеќе ќе платат оние кои имаат возила со моќ од 66 до 84 киловати.

Најголемо зголемување на цената на осигурителната полиса ќе почувствуваат сопствениците на возила со помоќен мотор. Над 1300 денари повеќе ќе платат возачите чии коли се со моќност од 84 до 110 кв, додека пак над 1500 денари повеќе ќе ги чини осигурувањето тие кои поседуваат автомобил со моќност на моторот од над 110 киловати.

– НОВА ЦЕНА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛО

СТАРА ЦЕНА НОВА ЦЕНА

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 44 ДО 55 КВ 5.453 ДЕН. 6.292 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 55 ДО 65 КВ 6.166 ДЕН. 7.116 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 66 ДО 84 КВ 7.133 ДЕН. 8.233 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 84 ДО 110 КВ 8.510 ДЕН. 9.821 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ НАД 110 КВ 10.294 ДЕН. 11.879 ДЕН.

притисни ентер