Македонската филхармонија ќе ја изведе „Симфонија на тажни песни“ од Горецки

Македонската филхармонија вечер премиерно ќе ја изведе „Симфонијата на тажни песни“ или уште позната како Симфонија бр. 3 од современиот полски композитор Хенрик Миколај Горецки.

Филхармонијата ја најавува симфонијата како една од најубавите, но и најпопуларни на сите времиња. Солист е македонската оперска дива Ана Дурловски, а зад диригентскиот пулт повторно ќе застане врвниот маестро Емил Табаков од Бугарија.

„Симфонијата на тажни песни“ се смета за една од најдобрите симфонии на сите времиња, чија популарност ја стекна не само во сферата на класичната музика, туку и во поп-културата. Создадена е во 1976 година, а според полската агенција ПАП снимката (плочата) е продадена во повеќе од милион примероци.

- Ова дело своевремено стана најпродаваното издание на некој современ композитор. Симфонијата е инспирирана од темите на војната и разделбите, од нацистичките логори за време на Втората светска војна. Изведена е по повод комеморацијата на холокаустот во 1992 година со Лондонскиот симфониски оркестар, под палката на Давид Цинман и сопранот Даун Апшоу, кога доживеа фантастичен успех на сите листи во САД и во Велика Британија, а бројот на продадени ЦД-а ја премина бројката од еден милион, наведува Македонската филхармонија.

Ниту еден класичен композитор не достигнал таква комерцијалност како Горецки со ова дело. Тој е водечка фигура на полската авангарада за време на постсталинизмот. Под влијание на Веберн, на почетокот ги создавал своите дела во серијална техника, а потоа под влијание на Луиџи Ноно, Карлхајнц Штокхаузен и Кшиштоф Пендерецки го проучува т.н. дисонантен модернизам. Потоа се фокусира на духовниот минималистички звук кој го најавува во Симфонија бр. 2 и го заокружува во Симфонија бр. 3. Негови познати дела се и „Беатус Вир“, химната „Мизерере“, „Мал реквием за една Полка“ или реквиемот „Добра Ноќ“./МИА

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донел Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“. 

Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донел Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.

-Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје (ФДУ), каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси, соопшти ФДУ.

Цели на Фондацијата, како што е наведено во соопштението, ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто.

-Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории, информираат од ФДУ.

Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“.

Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.

Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси.

Цели на Фондацијата ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто.

Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории.

Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Маричиќ-Герасимов: Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности

Заедничката цел за влез во ЕУ е дополнителна причина за зацврстување на сојузништвото помеѓу Скопје и Кишињев.

Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности и определбата за што побрз влез во Европската унија, и на тој пат соработката и споделувањето на искуствата и практиките се од особена важност истакнаа молдавската вицепремиерка за европски прашања Кристина Герасимов и нејзиниот домаќин и колега Бојан Маричиќ на заедничката прс-конференцијата во медија центарот на Владата.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека заедничата цел на двете земји е дополнителен поттик за зацврстување на сојузништвото помеѓу двете земји.

-Со оглед на тоа дека земјата се наоѓа во фаза која ние ја поминавме, а тоа е скринингот, на вицепремиерката и пренесов дека Македонија ќе го стави на располагање целото знаење и искуство на нашите колеги во процесот на скринингот. Тоа е израз на една европска пријателска слидарност и поддршка и пријателство како европски вредности. Двете држави сериозно претендираме за членство при првото наредно рпоширување на ЕУ, тоа проширување добива на значење и во забрзување заради геостратешките и безбеднсоните аспекти, подвлече Маричиќ.

Додаде дека споделувањето на искуството во изодувањето на патот кон ЕУ е од големо значење.

Вицепремиерката Герасимов рече дека денешната посета е основа за започнување на многу продуктивен дијалог и за разменување на ставови и пракси.

-Мило ми е што имавме можност денеска да го започнеме она што ќе биде основа за многу продуктивен дијалог за Моладивија и Македонија за европските работи онака како што се движиме кон достигнување на нашата цел евроинеграцијата, ги споделуваме истите цели и вредности, како и силна посветеност на слободата безбедноста и демократијата. Република Молдавија силно го поддржува процесот на проширување врз заслуги. Истовремено сум убедена дека судбината на демократијата во источното соседство на ЕУ како и на Западниот Балкан е еден ден да станат членови на европското семејство. Тука се покажани аспирациите на нашите граѓани за постигнување на просперитетна иднина. Затоа сметаме дека зааедно сме посилни и навистина сме заинтересирани да продолжиме да ги разменуваме ставовите и најдобрите пракси онака како што ќе напредуват преговорите, истакна Герасимов.

Дискусијата на одржаната средба таа ја оцени како продуктивна.

-Го уверувам мојот колега дека ќе се обидеме да дознаеме повеќе како вашата јавна администрација и општество успеа да се справи со обврската да го пренесе европското законодавство во националното, да ги воведе реформте со цел и ние да можеме да го достигнеме стандардот на живеење во ЕУ, воедно отворени сме да ги споделиме и нашите искуства за тоа како ние ги кооридинираме интерните процеси, порача Герасимов.

притисни ентер