Дали Дачиќ пее најубаво – кои политичари се најраспеани ? (ВИДЕО)

Политичарите знаат да се опуштат со песна , без разлика дали на јавен настап или на приватна забава.
Дачиќ ги покажа своите пејачки спрособности , за кои доби и бакшиш од Белградскиот муфтија , откако на турски му го испеа ,,Осман ага “ на Ердоган . Во Истанбул песната го погоди и Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ .




Но , дали може да се мери неговиот настап со пеењето на Хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ или на нејзиниот поранешен колега од Србија , Томислав Николиќ .










Освен регионалните пејачки таленти , светот уште го памети настапот на поранешниот претседател на САД , Барак Обама или на Рускиот претседател Владимир Путин . Проценете како би изгледала топ листата на најталентираните политичари . 






На девојката за роденден и подарил букет од банкноти вреден 52.300 долари

Маж во Кина на својата девојка за роденден и подарил букет направен од банкноти во вредност од 320 илјади јуани, односно 52. 300 долари.

Како што пишува „Чонгпинг Морнинг пост“ мажот направил огромен букет од банкноти во облик на срца, кои и ги подарил на девојката.

Се додава дека вкупно седум лица повеќе од 10 часа поминале во правење на овој букет.

Иако неговата девојка многу се израдувала на подарокот, мажот би можел да биде казнет поради обвинение дека и “нанел навреда“ на домашната валута, која според кинескиот закон мора да се чува.

Сепак, многу луѓе преку социјалните мрежи навеле дека ова е многу убав начин да се израдува девојката или саканата личност, додека некои веруваат дека можел да подготви многу поедноставен подарок.

Фармер убил мистериозно суштество, научниците во чудо (фото)

„Ушите му беа преголеми, нозете прекратки, канџите предолги. Стапалата мали, крзното изгледа чудно. Нешто не е во ред со ова суштество“ – изјавиле научниците.

Еден фармер во Монтана убил суштество кое наликува на волк, откако го забележал во близина на својот добиток.

Сепак, официјалните лица изјавуваат дека не станува збор за волк или куче.

„Нема да знаеме што е се додека не стигнат резултатите од ДНК тестирањето“ – изјавил Брус Ошли, портпарол на Одделението за риби, диви животни и паркови на Монтана.

Една од теориите е дека животното настанало со вкрстување на волк и куче. Според други теории, станува збор за млад гризли или хибрид којот.

Одделението за риби, диви животни и паркови на Монтана соопшти дека станува збор за женка која му припаѓа на семејството на кучевидни ѕверови. Тоа вклучува кучиња, лисици, којоти и волци.

Инаку, ловот на волци е дозволен во оваа американска сојузна држава, па така секој граѓанин има право да убие волк доколку се најде на неговиот имот.

Според проценките на експертите, ширум Монтана во моментов живеат околу 900 волци.

Вообичаено утро на островот Палма де Мајорка

Девојка си порачува за јадење во ресторан.

Британка си порачува  храна во Мекдоналдс, откако била на некоја забава.

Германскиот весник Билд ја објавил оваа фотографија со коментар дека се работи за Британка која се појавила вака облечена во недела во 11 часот наутро.

притисни ентер