Случајно откриената слика на Леонардо да Винчи ќе се продава за најмалку 100 милиони долари

Сликата "Salvator Mundi," , откриена случајно меѓу други слики во приватна колекција , ќе биде ставена на аукција во аукцинонерската куќа Кристи .

Сликата на Исус , насликана околу 1500 – тата , е вистинско откровение , велат од Кристи . Од таму очекуаат огромен интерес , бидејќи станува збор за едно од 20 – те највредни светски ремек – дела од периодот на ренесансата , кои досега биле во приватни колекции .

Аукцијата денеска е најавена за 15. ноември . Меѓу познавачите , ова дело се нарекува ,,Машка Мона Лиза “ и со децении се сметало дека е засекогаш изгубено.

Првично сликата му припаѓала на Британскиот крал Чарлс I , а потоа продадена на аукција во 1763- тата . Подоцна била изгубена за да се појави во 1900 , но лицето на Исус било пребоено , што според реставраторите била вообичаена практика .

Затоа , кога сликата била продадена во САД , во 1958 – та за само 30 долари , никој не се посомневал дека станува збор за ремек дело .

Во 2005 – тата повторно е продадена . Новиот сопственик побарал да биде реставрирана и по шест години било утврдено дека станува збор за ремек дело на Да Винчи , за кое дотогаш се знаело дека е изгубено .

Името на досегашниот сопственик не се соопштува , освен дека станува збор за колекционер од Европа , кој помогнал одново да се открие делото за кое се сметало дека е загубено повеќе од еден век .

По 1909 – тата ова е последната откриена слика на Да Винчи.

Продажбата на Аукција следува по изложбите на ова дело во Хонг Конг , Лондон и Сан Франциско .
.
.

Гилад Ердан: Израел е разочаран од одлуката на САД да ја прекине испораката на муниција

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан денеска изјави дека неговата влада е разочарана од прекинот на испораката на американски бомби во Израел.

„Тоа е многу разочарувачка одлука, дури и фрустрирачка“, изјави амбасадорот Ердан за вестите на Канал 12, додавајќи дека тој не мисли дека одлуката укажува на поширок прекин на американската помош за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Ердан истакна дека таа одлука произлегува од политичкиот притисок од Конгресот врз администрацијата на претседателот Бајден, од протестите во универзитетските кампуси низ САД и од претстојните претседателски избори во САД.

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

притисни ентер