МЗШВ: Министерот е на своето работно место, будно се следи состојбата со пожарите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно презема мерки и со полн капацитет ги извршува обврските за справување со пожарите. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е на своето работно место и е посветен на извршување на обврските во соработка со сите надлежни институции за справување со пожарите и превенција од појава на нови пожари, соопшти МЗШВ.

Оттаму порачуваат дека според последните информации од Центарот за управување со кризи, најголем дел од пожарите кои беа активни се изгаснати.

- Пред околу час и половина е локализиран и пожарот кај Крушево. Активни, но ставени под контрола и без опасност за ширење се пожарите во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, кај селата Крушевица и Бонче, селото Никодин, и пожарот на местото викано Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина, прецизираат од МЗШВ.

Координативното тело за кризна состојба во кое член е заменик-министерот за земјоделство Власте Димковиќ, додаваат, секојдневно одржува состаноци, на кои се даваат насоки и наредби за справување со пожарите.

- Согласно Законот за шуми, по барање на ЈП Македонски шуми на 11.07.2017 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, даде согласност за делумна забрана за движење во шумата или во одделни нејзини делови, во период од 15.07.2017 година до 15.08.2017 година. Одлуката се донесе пред да отпочне сезоната на шумските пожари, а откако се активираа поголем број пожари, министерот Николовски даде согласност за целосна забрана за движење во шумите или во одделни нејзини делови за периодот 05.08.2017 година до нејзино отповикување, потсетуваат од МЗШВ.

Истовремено, нагласуваат, министерот Николовски им наложи на Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Шумската полиција, да ги зајакнат контролите на терен.

- Како Министерство, будно ја следиме состојбата со пожарите и работиме на превенција од појава на нови пожари, порачуваат од МЗШВ и најавуваат дека Владата на Република Македонија во иднина ќе спроведе крупни реформи во системот за справување со кризи. /МИА

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се собираат на плоштадот „Македонија“

Прославата започна, доаѓаат реки од луѓе кон плоштадот, пристинга и дел од раководството на партијата.

Се очекува да пристигне и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се очекува да одржи говор пред насобраните граѓани.

На плоштадот „Македонија“ е Дејан Трајковски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер