ММДЧП: Да не се дозволи мешање на странски држави

Одбивањето на претседателот Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев, и покрај притисокот од западните земји, е сигнал дека македонските политичари конечно застанаа во одбрана на македонските национални интереси, благодарејќи на Македонците кои масовно го кренаа својот глас.

Ова се наведува во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права во кое упатуваат честитки до Македонците од сите политички партии, затоа што, како што наведуваат, заедно застанаа во одбрана на Македонија и ја отфрлија Тиранската платформа, која е во насока на создавање Голема Албанија, на сметка на територијалниот интегритет на Македонија.

Уште од осамостојувањето на Република Македонија, ММДЧП, стои, во континуитет барале од владата, без оглед која партија е на власт, да не дозволи мешање на странски држави, да отфрли каква било политичка пристрасност и, пред се’, да застане во одбрана на националните интереси на Република Македонија, како што впрочем прави и секоја друга држава.
- Од тие причини, ММДЧП ги осуди антимакедонските активности од двете најголеми политички партии. За сите граѓански и домашни проблеми, Македонците се тие што самите ќе ги бараат позитивните и негативните аспекти во политиките на која било партија, а не владите од западните држави, па дури и Македонците кои што живеат надвор од државата. Како и да е, кога станува збор за националните интереси на Македонија и човековите права на Македонците, ММДЧП жестоко ги брани и се залага за нив, велат од оваа организација.

Според ММДЧ, Македонците покажаа дека повеќе нема да толерираат воени злосторства, кои, со странска помош, може да доведат до запечатување на судбината на државата, дека нема да толерираат помалку од 20 % од населението на државата, кои што се верни на две странски држави, да држат во заложништво 80 % од луѓето кои што живеат во државата, и дека нема да толерираат ниту еден политичар кој што се покорува на овие, како што наведуваат, анти-македонски барања.

- Како што може да се види од неодамнешните најави од страна на Европскиот парламент, Амбасадата на САД и од Европската Унија, за Македонија, или да бидеме попрецизни за „оваа земја“ како што би рекла Федерика Могерини од ЕУ, тие очигледно интервенираат во внатрешните работи на Македонија, што веќе и не го негираат. ЕУ се закануваат со одложување на прием на државата како членка на ЕУ, доколку не се дозволи владина коалиција која ќе ја прифати Тиранската платформа. Но, притоа забораваат да наведат дека зачленување во ЕУ може да се случи само доколку Македонија го смени своето име, со што, со поддршка од Западот, би се задоволил угнетувачот Грција. Да не го заборавиме и Европскиот парламент кој што застана зад Бугарија, која со расистичка резолуција потврди дека македонското малцинство во Албанија е „бугарско“, посочуваат од оваа македонска ислеленичка организација.
ММДЧП, наведуваат, останува верна на својата дведецениска политика и од Македонија бара неодложно и неотповикливо да се повлече од преговорите за менување на името, под покровителство на Обединетите Нации и да одбие какво било мешање во внатрешните работи на Македонија.
Меѓу барањата се и протерување од државата на амбасадорот Бејли и сите други странски дипломати кои што ги поддржуваат активностите на Амбасадата на САД, да се осудат сите албански воени злосторници кои што добија аместија за извршените злосторства во 2001 година и прогласување на Времената спогодба од 1995 година за неважечка и, согласно со тоа, да се врати оригиналното македонско знаме.

Очекуваат и да се поведе грижа за човековите права за угнетените Македонци во сите региони на распарчена Македонија (Грција, Бугарија, Албанија, Косово и Србија) и имплементација на истите права за Македонците како што е загарантирано и за Албанците во Охридскиот рамковен договор, активно и жестоко промовирање за вистината за Македонија, која е меѓународно признати.

- Ваквите декларации се идентични со активностите на било која држава која што се грижи за себе. Видовме како САД одговорија на нападите врз нивната демократија. Двојните стандарди за Македонија завршуваат сега, стои во соопштението од ММДЧП.

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донел Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“. 

Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донел Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.

-Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје (ФДУ), каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси, соопшти ФДУ.

Цели на Фондацијата, како што е наведено во соопштението, ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто.

-Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории, информираат од ФДУ.

Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“.

Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.

Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси.

Цели на Фондацијата ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто.

Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории.

Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Маричиќ-Герасимов: Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности

Заедничката цел за влез во ЕУ е дополнителна причина за зацврстување на сојузништвото помеѓу Скопје и Кишињев.

Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности и определбата за што побрз влез во Европската унија, и на тој пат соработката и споделувањето на искуствата и практиките се од особена важност истакнаа молдавската вицепремиерка за европски прашања Кристина Герасимов и нејзиниот домаќин и колега Бојан Маричиќ на заедничката прс-конференцијата во медија центарот на Владата.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека заедничата цел на двете земји е дополнителен поттик за зацврстување на сојузништвото помеѓу двете земји.

-Со оглед на тоа дека земјата се наоѓа во фаза која ние ја поминавме, а тоа е скринингот, на вицепремиерката и пренесов дека Македонија ќе го стави на располагање целото знаење и искуство на нашите колеги во процесот на скринингот. Тоа е израз на една европска пријателска слидарност и поддршка и пријателство како европски вредности. Двете држави сериозно претендираме за членство при првото наредно рпоширување на ЕУ, тоа проширување добива на значење и во забрзување заради геостратешките и безбеднсоните аспекти, подвлече Маричиќ.

Додаде дека споделувањето на искуството во изодувањето на патот кон ЕУ е од големо значење.

Вицепремиерката Герасимов рече дека денешната посета е основа за започнување на многу продуктивен дијалог и за разменување на ставови и пракси.

-Мило ми е што имавме можност денеска да го започнеме она што ќе биде основа за многу продуктивен дијалог за Моладивија и Македонија за европските работи онака како што се движиме кон достигнување на нашата цел евроинеграцијата, ги споделуваме истите цели и вредности, како и силна посветеност на слободата безбедноста и демократијата. Република Молдавија силно го поддржува процесот на проширување врз заслуги. Истовремено сум убедена дека судбината на демократијата во источното соседство на ЕУ како и на Западниот Балкан е еден ден да станат членови на европското семејство. Тука се покажани аспирациите на нашите граѓани за постигнување на просперитетна иднина. Затоа сметаме дека зааедно сме посилни и навистина сме заинтересирани да продолжиме да ги разменуваме ставовите и најдобрите пракси онака како што ќе напредуват преговорите, истакна Герасимов.

Дискусијата на одржаната средба таа ја оцени како продуктивна.

-Го уверувам мојот колега дека ќе се обидеме да дознаеме повеќе како вашата јавна администрација и општество успеа да се справи со обврската да го пренесе европското законодавство во националното, да ги воведе реформте со цел и ние да можеме да го достигнеме стандардот на живеење во ЕУ, воедно отворени сме да ги споделиме и нашите искуства за тоа како ние ги кооридинираме интерните процеси, порача Герасимов.

притисни ентер