Осум години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Кобниот дванаесетти јануари од пред осум години, кога единаесет армиски пилоти загинаа во хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце, не може да се заборави.
Многу прашања без одговори  ги мачат семејствата на загинатите пилоти.

Предистражната постапка била затворена со резолуција на обвинителството, велат роднините.

Потврдија дека барале средба со јавниот обвинител,но досега не биле поканети на разговор.

Цветан Јовановски, кој живее во катлановско Блаце, пристигнал меѓу првите на   местото на трагедијата – и денес се секава како да беше вчера кога ги видел  пламените јазици како ги уништуваат остатоците од хеликоптерот.

Семејствата на загинатите заедно со делегациите на Воздухопловната бригада, Генералштабот на Армијата на Република Македонија се поклонија пред споменикот на загинатите пилоти, поставен на само  неколку километри од местото каде што се урна хеликоптерот.

Министерот за одбрана ја предводеше делегацијата на министерството. Со едноминутно молчење и положување цвеќе пред бистата одадоа почит на трагично загинатите 11 пилоти.

Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер