Тачи се сретна со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Нуланд

Претседателот на ДПА Мендух Тачи на денешната средба со помошникот државниот секретар на Стејт департментот за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, рекол дека ДПА покажала целосна подготвеност за спроведување на структурните реформи кои произлегуваат од договорот на 2 јуни и препораките на ЕК, кои вклучуваат имплементација на препораките на извештајот на Прибе.
На средбата Тачи повторил дека ДПА во овој пакет на реформи бара да бидат вклучуени и целосната употреба на албанскиот јазик во Парламентот, двојно гласање за одобрување на буџетот, како и другите точки од политичката платформа.

Како што се наведува во партиското соопштение на ДПА, Тачи рекол дека сегашната ситуација е нелогична и спротивна на она што треба да се направи за да се реши политичката, правната и економската криза.

- Во овој поглед, претседателот Тачи изјави дека споровите меѓу македонските партии се виртуелни и дека вистински проблем на Македонија е прашањето за името, меѓуетничките односи, односно правата на Албанците, функционирањето на институциите, како и фер и пропорционална распределба на буџетот, што значи без решение на прашањето на името и на меѓуетничките односи целиот овој процес нема никаква смисла, стои во соопштението.

Тачи ја уверил Нуланд дека ДПА со својата конструктивна политика ќе продолжи да придонесува и да биде дел од демократските процеси и евро-атлантската перспектива на земјата.

На средбата со лидерот на ДПА Тачи, високата претставничка на Стејт департментот беше придружувана од американскиот помошник државен секретар за одбрана за Украина, Русија и Евроазија, Евелин Фаркаш.

Пет дедовци и една баба уапсени заради секс во парк

Шест пензионери се уапсени во парк во Конетикат, САД, каде полицијата ги фатила во групен секс.

Се ова се случило минатата недела во Фирфилд откако полицијата добила дојава дека на ова место често се случуваат вакви ескплицитни евенти.

Уапсени се Даниел Добинс (67), Ото Д. Вилиамс (62), Чарлс Л. Ардито (75), Џон Линартз (62), Ричард Батлер (82) и неговата сопруга Џус Батлер (85).

Сите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, еден од пензионерите е пронајден како во својот автомобил седи насмеан без никаква облека на себе.

Полицијата ги зголемила мерките за безбедност на тоа подрачје откако имало повеќе пријави за сексуални активности на сомнителни парови.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен, заглавен во криминал и корупција

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе.

Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во “еден криминалец, суетен новинар и п.дер”.

Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција.

И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција.

Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот.

Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод.

СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Семејството Ердоган угости сијамски близначки

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговата жена Емине Ердога угостија сијамски близначки, сестрите Танрикулу.

-Им посакувам на сестрите Ајше и Сема се најубаво, тие две нас ни донесоа позитивна енергија и позитивни мисли во овие тешки времиња, рекла Емине Ердоган.

притисни ентер