Курир: Верушевски прислушувал и уценувал со години

Нови докази дека Верушевски организирал мрежа за прислушување и дека со незаконски стекнатите материјали уценувал политичари.

Освен сведочењата на Љубчо Георгиевски и на Мирка Велиновска кои тврдат дека ним лично им презентирал дел од тие материјали, тоа го докажува и самиот директор на ДБК.

Како што пишува Курир, кога Верушевски се чувствувал загрозен, во периодот додека неговиот син беше притворен, тој се закани дека ќе проговори, по што експресно беше сместен како дипломат во амбасадата во Рим.

Така Црвенковски и СДСМ си купија мир за нивните валкани работи да не излезат на површина, а Верушевски го доби посакуваното.

Според пишувањето на курир, Зоран Верушевски настапил со уцените поради две причини- прво , зашто не бил поставен за министер за внатрешни работи по победата на СДСМ на изборите во 2002 година, иако тоа му било ветено. Доказ се снимките кои деновиве ги спомнува Мирка Велиновска, а тоа се видео материјали кои Верушевски тајно ги снимал дома кај Хари Костов, на негова семејна слава во разговори околу поделбата на власта и ресорите.

Вториот мотив на Верушевски се обвиненијата за: обид за убиство, насилништво, изнуда, пукање, газење човек за кој под притисок на јавноста требаше да одговара неговиот 19 годишен син Александар. Како последно во низата тешки кривични дела беше пукањето и обидот за убиство извршени од Александар во 2005 година во Струга, по што е уапсен и одредена му е мерка притвор.

Неговиот татко Зоран Верушевски имал и средба со јавниот обвинител Александар Прчевски која е снимена од новинари но, во обвинителството нема никаква трага дека таа средба воопшто постои, ниту за содржината на разговорите.

По судењето на неговиот син во 2006 – тата Зоран Верушевски за медиумите изјави и се закани дека ќе проговори, ќе објави материјали кои ќе предизвикуваат силни немири и хаос по улиците и граѓанска војна што е исто како што и направи и се закани сега кога во комуникацијата со еден од осомничените од „Пуч“ говореа за почеток на граѓанска војна.

Во октомври 2007- та тогашниот претседател Бранко Црвенковски донесе одлука за помилување на Александар Верушевски кој излезе од затвор по само 10 месеци, пред да ја издржи казната од две години.

Уште во деведесеттите Верушевски е прозиван од јавноста и осомничен за незаконско добивање два стана од МВР. Тогаш, во 97- мата , и потоа во 2002- та Црвенковски ги заташка овие станбени афери на Зоран Верушевски.

Кога во 98 година СДСМ ја загуби власта, Зоран Верушевски го напушти МВР и местото професор на факултетот за безбедност, зема 24 плати и 10.000 евра но, но во 2002 се врати на функција, а парите од отпремнината и двата државни стана ги задржа.

По новиот пораз на СДСМ на изборите замина кај Фијат Цаноски, и стана професор на факултетот за безбедност на ФОН.

Постојаното толерирање на Верушевски од страна на СДСМ говори дека Зоран Верушевски има посебни заслуги за СДСМ и дека тој практично и никогаш не престанал со снимање. Доказ е аферата големо уво која му помогна на Црвенковски да дојде на власт.

Според, курир, очигледно Верушевски секогаш игра на страната на СДСМ и нивното раководство. Ваквата игра Верушевски сакал да ја продолжи и сега , но не му успеа и тој беше фатен заедно со неговата агентурна мрежа.

Македонија се соочува со недостаток на сирупот „Оспен“

Со месеци го нема сирупот Оспен за деца како и дел од лековите за алергија и астма, алармираат педијатрите и родитилеите.

Педијатарката Мира Атанасова вели дека во одредени состојби каде поради зголемено АСО кај децата од бактериска инфекција и со препорака на реваматолог дека детето треба да пие Оспен сируп.

Родителите често заминуваат во други земји или нарачуваат да им се купи сирупот, бидејќи ретко кога може да се најде во Македонија. Доктор Атанасова вели дека поради одредена здравствена состојба оспенот е повеќе од потребен.

Во разговор со МАЛМЕД рекоа дека разговарале со производителот во наредниот период да има сируп Оспен. ОД МАЛМЕД објаснуваат дека дефицит со овој сируп има во цела Европа.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

притисни ентер