Во Велес одбележан Светскиот ден на лица со аутизам

Во Младинскиот парк во Велес, денеска 150 деца со аутизам од градот, заедно со нивни гости од Радовиш, Кочани, Струмица, со богата програма го одбележаа Светскиот ден на лица со аутизам. Тие преку песна и игра испратија порака „Пробај да ме видиш со други очи и слушнеш со други уши“.
Настанот го организира Весна Андреева, мајка на дете со аутизам, со поддршка на наставниците од ПОУ „Маца Овчарова“ и припадниците на Мировниот Корпус од САД  кои престојуваат во Велес.

- Целта на настанот е да ја подигнеме јавната свест за овие лица кои живеат меѓу нас и на кои им е потребна помош и поддршка од сите нас, и да бидат прифатени како сите нас, потенцира Весна Андреева.

Во богатата програма во Младинскиот парк настапи популарниот поп пејач Мики Секуловски, ритмичките групи „Анабела“ и „Црни мачиња“, како и КУД „Коле Неделковски“.

По овој повод, во новата театарска зграда во Велес, вечерва ќе биде осветлена во сини светилки, со сината боја-симбол  за помош и поддршка на лицата со аутизам. 

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер