Од минатата недела регистрирани повеќе од 50 антиисламски напади во Франција

Од минатонеделниот напад на редакцијата на сатиричниот лист „Шарли Ебдо“ и заложничката драма во еврејската продавница во Париз, регистрирани се повеќе од 50 антиисламски инциденти во Франција, соопшти исламската заедница на оваа земја.
Меѓу овие инциденти регистрирани се 21 истрел од оружје или фрлање запаливи направи на исламски објекти, како и 33 закани, соопшти потпаролот на Централното тело на муслиманите во Франција.

Еуростат: Најскапа земја во Европа Исланд, најевтина Турција, па Македонија

Македонија е најевтина земја за живеачка, покажуваат последните податоци на Еуростат. Земјава се наоѓа на претпоследното 36то место на листата најскапи држави во Европа. Единствено поевтино од кај нас е во Турција.

Еуростат земјите ги рангира  според цените на храната, облеката, транспортот, кириите, алкохолот, цигарите..., односно сите основни трошоци  за живеење.

Сепак, за да ги задоволи основните потребни во месецот, на едно четиричлено семејство му се потребни 33 илјади денари, покажуваат последните пресметки на синдикалците.

Граѓаните се жалат дека живеачката овде е тешка. Платата не им стигнува, ниту да ги задоволат основните потреби.

Неодамна од власта посочија дека се оптимисти оти просечната плата може да достигне 500 евра до крајот на 2020тата, која сега изнесува 25 270 денари.Висината на минималецот во моментов е 12 508 денари.

Според Еуростат, од земјите во регионот, најскапа е Хрватска.  Црна Гора е на 30тото место, а по неа следат Србија, Албанија, Босна, па, Бугарија.

Најскапо за живеење во Европа е во Исланд. Цените таму лани биле дури 56% поголеми од европскиот просек. Станарина на помал стан во центар на град изнесува 1 300 евра месечно.Сепак просечната плата таму изнесува 4 500 евра.

притисни ентер