Почина писателот Александар Ежов

По долго боледување денеска во Скопје почина писателот Александар Ежов, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.

Погребот ќе се одржи утре во 12 часот на гробиштата „Ѓорче Петров“.

Александар Ежов е роден 1928 година во Прилеп. Припадник е на генерацијата критичари која во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век остави силен печат во книжевнииот живот, посебно на страниците на литературната периодика. Александар Ежов во тие години, познати како период на македонската книжевна конфронтација, беше уредник во издавачката куќа „Македонска книга“ и на списанието „Современост“. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1958 година. /МИА
притисни ентер