Стипендии за средношколци од подрачјето на Македонска Каменица

На петмина ученици од подрачјето на Општина Македонска Каменица, за учебната 2013/2014 учат во средните училишта во Република Македонија им се доделени стипендии.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, информира дека износот на месечната стипендија за новоизбраните стипендисти изнесува 2.500 денари месечно, а ќе им се исплатува за десет месеци во текот на годината од општинскиот буџет.

- Со доделувањето на стипендии сакаме да ги мотивираме најдобрите ученици да постигнуваат уште поголеми резултати и да ја подигнеме свеста кај граѓаните за значението на образованието, истакна градоначалникот Дарко Митевски. /Извор: МИА/

Путин како корона суперхерој на социјалните медиуми

Најавата дека Русија почна со производство на вакцина против  „Ковид-19“ ,не само што доведе до меѓународна загриженост во врска со нејзината безбедност, туку исто така создаде многу дезинформации и хумор на социјалните мрежи.

Се појавија многу сатирични мемиња за Русија, споделени на голем број јазици. Некои го покажуваат рускиот претседател Владимир Путин како суперхерој, како Спајдермен или Ајронмен, кој го спасува светот.

Една од најпопуларните објави е онаа што го прикажува Путин како јава мечка со џиновски шприц на грбот.

Една верзија на овој мем, дури и погрешно тврди дека ја споделил самиот Путин.

Друг широко објавуван пост со кој се прославува најавата за вакцинирање во Русија се појави на Фејсбук страницата за поддршка на Путин и е споделена повеќе од 200.000 пати.

Тоа не е официјален профил на рускиот претседател, за кој се верува дека ги избегнува социјалните медиуми.

Но, многу десетици илјади луѓе кои коментираат на бројни јазици на објавата, јасно веруваат дека е така.

Виралниот пост го споредува првиот советски сателит кој „го отвори патот за хуманоста во вселената“ со руската вакцина која „ќе го отвори патот кон иднината без„ Ковид 19 “, маски и социјална изолација“.

Белгиски велосипедист падна од мост во Италија (ВИДЕО)

Белгискиот велосипедист Ренцо Евенпоел падна од мост висок неколку метри во Италија, во областа Ломбардија.

Евенпоел важи за една од најголемите надежи во велосипедизмот

За време на трката „Ил Ломбардија“ се преврте и падна од неколку метри високиот мост.Возачот Декјунинк беше дел од водечката група кои се спуштаа надвор од Колма ди Сормано - најголемото искачување на трката.

20-годишникот бил на четвртото место во групата кога го погодил ѕидот на мостот пред да се преврти и да падне од мостот.

Веднаш дошла итната медицинска помош и младиот велосипедист е однесен вбо болница. Засега не се познати детали за повредите

Белгиецот е еден од најперспективните велосипедисти , кој годинава победи на Трката околу Полска и Бургос.

Откриена брзината на Старлинк интернетот

Интересот за Starlink интернетот постојано расте, а неколку стотици илјади корисници веќе се регистрираа за новата услуга.

Форумот Reddit за Starlink Internet неодамна ги откри брзините што ќе ги понуди новата услуга, така што заинтересираните би можеле да видат дека терминот „супер брз интернет“ се заснова на реалност.

Првите две серии на сателити беа лансирани во мај и ноември 2019 година, а „SpaceX“ планира да постави вкупно 12,000 единици во орбитата на Земјата во наредните пет години, што ќе послужи како т.н. „соsвездие“ на сателитите кои ќе понудат невидени перформанси на интернетот.

Досега се лансирани скоро 600 сателити, а компанијата неодамна објави податоци за забрзано производство и дека со вселенското летало Starship ќе може да се испратат 440 сателити одеднаш, пренесува PC Press.Сега може да се види дека брзините ветуваат, иако експертите предупредуваат дека податоците во раните фази на развој секогаш ветуваат повеќе од тоа што всушност ќе се случи.

Со помош на апликацијата Ookla Speedtest, откриено е дека брзините се движат од 60 Mbps за преземање на податоци од интернет на компјутер (Downstream) и 17,7 Mbps за качување на податоци на интернет (Upstream)..

Мрежата во моментов го опфаќа само северниот дел на Соединетите држави и јужниот дел на Канада, а брзините се тестирани и во Вашингтон.

притисни ентер