Најголемите глупости на Канје Вест: Јас сум Господ, унапредена верзија на Микеланџело, подобар од Мајкл Џексон ....

Што ли не изнакажа Канје Вест оваа година! Дека се смета за Господ, ист како Стив Џобс, а на сите со кои се споредува треба да им е чест бидејќи тој е и унапредена верзија на Микеланџело!
Еве дел од неговите изјави кои го покажуваат огромното его на раперот.

1. Мојата Ким е повлијателна од Мишел Обама. На кој му е гајле што носи Мишел? Таа не ги објавува своите фотографии во костим за капење на Инстаграм како мојата Ким и затоа Ким е најинтригантната жема на светот.

2. Ако Мајкл Џордан може да си дозволи да им вика на судиите на натпревар можам и јас, Канје Вест, Мајкл Џордан во светот на музиката,можам да си дозволам да им викам на луѓето бидејќи знам дека тие грешат а јас сум во право!

3. Бог ме избра низ мене да му се обраќа на светот. Јас го спојувам Бог со човештвото!

4. Денес сум човек каков што сум затоа што не сум. По моето скромно мислење, тоа е една прилично пророчка мисла.Сигурен сум дека и Ганди би рекол нешто во овој стил!

5. Кога велам дека сум Бог луѓето се чудат и прашуваат што се замислувам. Па само што ви реков - јас сум Бог, значи мислам дека сум Бог. Што не е јасно?

Доволно. Се е јасно. 

Бразилец го поминал половина свет со ,,Буба “ за да стигне на Мундијалот (ВИДЕО)

Бразилецот Науро Жуниор поминал 15 000 километри со својата ,,VW Буба “ од 1968 година , за да стиге во Русија на Светското првенство.

Науро раскажува за руската телевизија дека кога бил мал татко му не сакал да го однесе на Мундијалот во Аргентина , велејќи му дека е далеку .

Затоа тој веднаш по завршувањето на Светското првенство во Бразил во 2014 почнал со подготовките на неговата ,,Буба”  .

Пропатувал цели 15 000 километри , а уште долг пат го чека низ Русија , каде не испушта ниеден натпревар на својата репрезентација.  Вели дека автомобилот , иако стар 50 години , одлично го служи.

Бентли подготвува SUV купе возило

Спортскиот оф роуд изглед на возилата (SUV) полека но сигурно ги освои љубителите и на луксузните автомобили.

Откако Audi го претстави неодамна својот нов модел Q8, и Volkswagen најави уште еден SUV од класата. Станува збор за Bentley Bentayga Sport, за кој се најавува дека ќе биде повеќе спортски модел во однос на стандардната верзија.

Главна одлика на новиот модел ќе биде линијата на покривот , што ќе се повлекува како во останатите купе возила. Тоа ќе влијае на висината на покривот над задното седиште , како и на капацитетот на багажникот.

Bentley неодамна најави уште посилна верзија со ознака Speed , најверојатно со засилен W12 агрегат.

Сок кој ги топи килограмите! (рецепт)

Станува збор за сок од три состојки кој го намалува чувството на глад, го чисти организмот од токсини, го забрзува метаболизмот, дава енергија и помага на телото да се ослободи од вишокот на масти.

Состојки:

– чаша свеж сок од грејпфрут

– 2 лажички јаболков оцет

– 1 лажичка мед

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер , се додека не добиете хомогена смеса. Овој сок треба да го пиете пред сите три големи оброци(појадок, ручек, вечера). Постапката треба да ја повторувате секој ден, седум дена по ред, па потоа треба да направите пауза од една недела, па да ја повторите постапката. Доколку не можете да го поднесете вкусот на грејпфрут секој втор ден заменете го со сок од свежи портокали.

притисни ентер