Втор здравствен Самит на Хелтгрупер

Во организација на меѓународниот проект Хелтгрупер, денеска во Скопје ќе се одржи Вториот здравствен самит.

На Самитот, на кој ќе учествуваат гости од странство,  директорката на ФЗОМ Маја Парнаџиева Змејкова ќе има презентација за пристапите во распределување на средствата во македонскиот здравствен систем.

Самитот се реализира во соработка со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Министерството за здравство, Светската здравствена организација за Европа, Македонското лекарско друштво и Здружението на лекари Албанци од Македонија. /Извор: МИА/
притисни ентер