Свечености по повод патрониот празник на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола денеска почнува со реализација на свечената програма посветена на патрониот празник на Универзитетот – 8-ми Декември.

Претпладнево во универзитетскиот комплекс „Касарни“ ќе бидат промовирани 23 доктори на науки кои докторирале во текот на оваа година, а во универзитетскиот спортски центар „Павел Шатев“ ќе се одржи турнир во кошарка, мал фудбал, шах и пинг-понг на кој ќе настапат студенти од универзитите „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, „Гоце Делчев“ - Штип, Југоисточна Европа - Тетово, Европски универзитет - Скопје, Меѓународен славјански универзитет и Бизнис Академија Смилевски-БАС.

На централната свеченост, која ќе се одржи утре, прв пат во историјата на битолскиот Универзитет ќе биде извршена промоција на професор емеритус, а со таа висока академска титула ќе се стекне академик Глигор Каневче, пензиониран професор од Технички факултет во Битола.

Ректорот Златко Жоглев во почесни професори ќе ги промовира Јозеф Лауринчиќ од Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Словачка и Себастиан Кемпген од Универзитетот во Бамберг-Германија, додека за почесен доктор на науки ќе биде промовиран Ролф Голоб од Педагошкиот факултет во Цирих, Швајцарија.

Годинава за најдобар студент на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ќе биде прогласена Александра Јакимовска од Технолошко-техничкиот факултет-Велес, дисперизирани студии во Кичево, која студиите ги заврши со просечна оценка 10, информираат од ректорската служба за односи со јавност.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер