Променливо облачно со повремен дожд попладне

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до плус степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе се задржи период на ветровито време, особено во западните делови ветерот ќе биде и до умерен претежно од источен правец.
притисни ентер