Министри од ЕУ денеска повикаа Украина да запре со „блефирање“ и да ја ослободи Тимошенко

Двајца министри од Европската унија повикаа денеска Украина да запре со „блефирањето“ и да склучи договор за помилување и ослободување на поранешниот премиер Јулија Тимошенко која издржува казна затвор од седум години.

- Времето за блефирање помина. Време е за акција, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски откако тој и шведскиот колега Карл Билд се сретнаа во Киев со украинскиот претседател Виктор Јанукович.

Според ЕУ, Тимошенко е жртва на политичка истрага и нејзиното ослободување е клучен услов за потпишување на догофворот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ. Евентуалното потпишување на тој договор може да се случи нa средбата ЕУ-Украина на 28 ноември во Вилнус.

Претходно, на 18 ноември министрите за надворешни работи од ЕУ ќе донесат одлука дали Киев исполнил услови вклучително и реформи во судскиот систем. Од вчера пратениците од ЕП, Пат Кокс и Александар Квашневски се во Украина во обид за компромис за случајот со Тимошенко. Нивниот извештај ќе биде решавачки за одлука на ЕУ./МИА
притисни ентер