Норвешка размислува да го преземе сириското хемиско оружје

Норвешката Влада денеска соопшти дека размислува дали да преземе поголем дел од резервите на хемиско оружје од Сирија со цел за негово уништување.

Портпаролот на норвешкото Министерство за надворешни работи Рагнхилд Имерслунд изјави дека Обединетите нации и Организацијата за забрана на хемиското оружје, кои работат на елиминирање на хемиското оружје што го поседува Дамаск, би сакале сите резерви да бидат уништени на едно место.

Имерслунд, сепак нагласи дека Норвешка одбива да го преземе готовото хемиско оружје, но дека новата влада на десниот центар размислува да преземе резерви на иперит, како и супстанците од кои може да се произведе хемиско оружје.

Според проценките на ОН, Сирија поседува 50 метрички тони иперит и 300 до 500 метрички тони супстанци за производство на нервен гас, соопшти норвешкото Министерство./МИА



притисни ентер