Владата ќе обезбеди странски експерти за компаниите

Домашните компании ќе добијат странска експертска помош за зголемување на конкурентноста на сопственото производство.

Владата од денеска ќе распише повик за сите компании кои се заинтересирани и имаат потреба да користат услуги од странски експерти во развој на производството, услугите, туризмот, градежништвото, финансиите и други стопански гранки. Повикот ќе трае 45 дена, ќе можат да се пријават сите домашни компании кои имаат вработено над 5 лица и имаат финансиски извештај за последните две години. Целокупниот трошок за ангажманот на експертите ќе биде на товар на државата, единствено во определени случаи компаниите со претходна согласност ќе може да партиципираат со определен надомест. 

- Цениме дека со овој проект значително ќе се придонесе за обезбедување на нови и подобри можности за домашните компании, во насока на подобрување на нивната продуктивност, ефикасност, ефективност и профитабилност, со што ќе се даде поддршка и на економскиот раст на земјата и поддршка на обезбедувањето на нови работни места и нови вработувања, изјави Алксандар Ѓорѓиев –Портпарол на Влада на РМ.

Ѓорѓиев информира дека Владата веќе стапила во контакт со организации од Германија Холандија кои нудат експертска помош, се очекува да се добие поддршка и од САД. Избраните експерти ќе бидат ангажирани да поминат неколку недели во компаниите, да направат анализи, да го контролираат процесот на работа на компаниите и даваат совети како да се подобри работењето на фирмите. Ваквите искуства покажале дека користењето  консултанти ја зголемило ефикасноста на компаниите.
притисни ентер