Премиерот Груевски во Загреб пречекан од Миловановиќ

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во Загреб, во рамки на еднодневната официјална посета на Република Хрватска, беше пречекан од неговиот домаќин, хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ.
Двајцата премиери, како што јави МИА, во моментов имаат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарниот состанок на делегациите на Република Македонија и Република Хрватска.

Околу пладне предвидени се изјави за медиумите на Груевски и Миловановиќ.

Според програмата, попладнево премиерот Никола Груевски ќе има средби со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со претседателот на Собранието на Хрватска Јосип Леко.

Предмет на разговорите ќе бидат можностите за натамошно продлабочување на соработката, пред се на полето на економијата - туризмот, земјоделството, прехранбената индустрија, винарството, градежништвото.

Соговорниците ќе бидат запознаени со можностите за инвестирање во Македонија, при што ќе биде испратена покана сите заинтересирани инвеститори да ја посетат Македонија. Ќе биде реафирмирана нашата заложба за евроинтегративните процеси, со реформите, и мерките што на тој план ги презема нашата држава.

За време на престојот во Загреб, Груевски ќе има средба и со претставници на Заедницата на Македонци во Република Хрватска.

Кина бара од излекуваните од коронавирус да даваат крвна плазма

Здравствените власти на Кина побараа од излекуваните пациенти од коронавирус да донираат крв за да извлечат плазма за лекување на пациенти кои се во сериозна состојба.

Фармацевтските лаборатории се во процес на развивање на третман и процедура за вакцина од болеста, од која се заразени повеќе од 70.500 луѓе и однесе најмалку 1.770 животи во Кина.

Плазмата на излекуваните пациенти содржи антитела кои можат да помогнат во намалувањето на вирусното оптоварување на сериозно болните пациенти, изјави претставник на Националната здравствена комисија на прес-конференција.

„Ги замолувам оние што се излекувале да дадат плазма, што ќе им даде надеж на сериозно болните“, рече Гуо Јанхонг.

Единаесет хоспитализирани пациенти во Вухан, во фокусот на епидемијата, добија трансфузија на плазма минатата недела, според Сон Јанронг од биолошкиот центар на Министерството за наука и технологија.

„Едниот од нив е веќе дома, другиот може да си оди, а останатите се на пат кон заздравување“, додаде таа.

Повикот за плазма беше направен откако државната лабораторија објави позитивни резултати од клиничкото испитување во болницата во Вухан.

Кинеската национална биотек групација во својот пост на WeChat гарантира дека пациентите кои добиле трансфузија од плазма за „24 часа ја подобриле нивната состојба“.

„Клиничките тестови покажаа дека трансфузиите со плазма од луѓето кои се излекувале се безопасни и ефикасни“, додаде Сон.

Донаторите ќе бидат подложени на тестирање за да се осигурат дека не можат да го пренесат вирусот, рече Ванг Гиаканг, шеф на клиничката болница во Универзитетот во Пекинг.

Во Женева, директорот на програмата за итни случаи во Светската здравствена организација (СЗО) Мајкл Рајан објасни дека употребата на плазма од поранешни пациенти се покажала ефикасна за некои болести и истакна дека овој метод не е секогаш успешен.

„Треба да разгледаме како да го искористиме, од што најмногу може да имаат корист пациентите и во кој момент“, рече тој на прес-конференцијата во Женева.

СДСМ: Очајната ВМРО-ДПМНЕ ја прими пораката од над 15.000 граѓани вечерва и затоа е во паника

Прес конференцијата на Александар Николовски е уште еден доказ за очајот од поразот на извршителот Христијан Мицкоски кој не успеа да го одбрани криминалот на Никола Груевски, реагираат од СДСМ.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја доби пораката од граѓаните кои се заложија за правда и одговорност за криминалите и затоа се во паника.

Знаат во белиот дворец што ги чека, одговорност за нивниот криминал, за сето зло што го направија и нов пораз. Силен пораз, не на 12 април, уште денеска во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека се веќе готови и ќе одговараат, тоа е комбинацијата којашто ги толчи.СДСМ работи а ВМРО-ДПМНЕ шири лаги.

СДСМ носи закони за граѓаните, покачува плати, пензии, социјална помош, носи правда, членство во НАТО, на чекор сме до ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ е очајна и штанца лаги, дезинформации и конструкции, прво преку нивните медиуми а после и на прес конференции, кои немаат врска со реалноста, но со најниски напади, на семејството на претседателот Заев.Затоа и го праќаат на прес-конференција Николовски, кој веќе изгуби на суд за изречена клевета.

Не ВМРО-ДПМНЕ, ние бараме се што повикуваат веднаш да се објави јавно и транспарентно. Да ги видат граѓаните и уште еднаш пред целата јавност да се потврдат лагите на оваа очајна партија.

Како што ќе се доближува 12 април и поразот на ВМРО-ДПМНЕ толку ќе бидат стравот и паниката кај извршителот Мицкоски, а лажните вести од белиот дворец ќе станат се поинтензивни.

Но тоа е ваш проблем, ние продолжуваме напред, тие еден чекор назад, ние три чекори напред!

Следува одговорност за сите што направиле зло, како и за оној ваш бегалец од Будимпешта, заради сите граѓани на Северна Македонија на кои им уништивте, им одземавте 11 години од нивните животи.

Правда, за сите!, реагираат од СДСМ  на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Џеф Безос донира 10 милијарди долари во борбата против климатските промени

Сопственикот на компанијата Амазон и најбогат човек на светот, Џеф Безос, вети 10 милијарди долари за да помогне во борбата против климатските промени.

Најбогатиот човек во светот рече дека со парите ќе се финансира работата на научниците, активистите и други групи.

„Сакам да работам заедно со другите и да ги засилам познатите начини и да се истражуваат нови начини за борба против разорното влијание на климатските промени“.

На својот профил на Инстаграм, Безос напиша  дека фондот ќе започне со дистрибуција на парите ова лето.

Безос има проценето нето богатство од повеќе од 130 милијарди американски долари, така што донацијата претставува речиси 8% од неговото богатство.

Споредено со некои мулти-милијардери, Безос е ограничен филантроп. Неговата најголема донација пред денешната најава , се смета дека е 2 милијарди американски долари во септември 2018 година за да им помогне на бездомните семејства и да финансира училишта.

Тој, исто така, беше критикуван поради тоа што не го потпиша Договорот за хуманост, според кој супер-богатите ветуваат дека ќе подарат половина од своето богатство за време на нивниот живот.

Компанијата со седиште во Сиетл е сосед на Мајкрософт, кој во јануари го откри планот да за нулта емисија на јаглерод до 2030 година.

притисни ентер