Премиерот Груевски во Загреб пречекан од Миловановиќ

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во Загреб, во рамки на еднодневната официјална посета на Република Хрватска, беше пречекан од неговиот домаќин, хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ.

Двајцата премиери, како што јави МИА, во моментов имаат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарниот состанок на делегациите на Република Македонија и Република Хрватска.

Околу пладне предвидени се изјави за медиумите на Груевски и Миловановиќ.

Според програмата, попладнево премиерот Никола Груевски ќе има средби со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со претседателот на Собранието на Хрватска Јосип Леко.

Предмет на разговорите ќе бидат можностите за натамошно продлабочување на соработката, пред се на полето на економијата - туризмот, земјоделството, прехранбената индустрија, винарството, градежништвото.

Соговорниците ќе бидат запознаени со можностите за инвестирање во Македонија, при што ќе биде испратена покана сите заинтересирани инвеститори да ја посетат Македонија. Ќе биде реафирмирана нашата заложба за евроинтегративните процеси, со реформите, и мерките што на тој план ги презема нашата држава.

За време на престојот во Загреб, Груевски ќе има средба и со претставници на Заедницата на Македонци во Република Хрватска.

Сафади: Јордан нема да дозволи да биде вмешан во судирот меѓу Иран и Израел

Јордан нема да дозволи да биде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани.

Јордан нема да дозволи да биде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани, соопшти Министерството за надворешни работи на оваа земја, повикувајќи се на зборовите на јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади до неговиот ирански колега Хосеин Амирабдолахијан.

„Сафади нагласи дека сегашната ескалација служи само за одвлекување на вниманието од израелската агресија врз Газа, чие запирање мора да биде приоритет“, се додава во соопштението, пренесува Ал Џезира.

Американски функционер претходно денеска изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 беспилотни летала и проектили како одмазда за нападот на Израел врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет полицајци кои ги придружувале.

Иранските власти, исто така, претходно оваа недела го критикуваа Јордан за отворање на воздушниот простор во одбрана на Израел за време на иранскиот беспилотен и ракетен напад.

Танцува на покрив на Ламборџини, реакцијата кога пука шофершајбната е хит (ВИДЕО)

Во ерата на социјалните медиуми, инфлуенсерите и креаторите на содржини сакаат да ги изненадат/шокираат корисниците, па често ги поместуваат границите.

Подготвени се да изведуваат разни подвизи и акробации, а едно такво видео веќе некое време кружи на интернет.

Прво беше објавено на Редит и прикажува девојка како се качува на покривот на скапо Ламборџини и почнува да танцува.

Веруваме дека љубителите на автомобили, особено на егзотичните, не гледаат со одобрување на оваа сцена. Да не зборуваме дека таа ја скрши шофершајбната газејќи на покривот.

MC dances on top of car and breaks the windshield 🤦‍♂️
byu/EthanthegamerGD inImTheMainCharacter

Таа и самата изгледа е шокирана од последиците, но не престанува да се смее и да танцува, пренесува NDTV.

„Што луѓето нема да прават за лајкови и кликови“, напишал еден корисник.

Времето и местото каде е снимено видеото не се откриени, а претпоставуваме дека сопственикот морал да издвои значителна сума за поправка на шофершајбната.

Реал пронајде замена за капитенот

Начо Фернандез, 34-годишниот капитен на Реал Мадрид, на крајот од сезоната го напушта Кралскиот клуб.

На Начо му истекува договорот и нема да го продолжи, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Заминувањето на легендата на Реал значи дека клубот ќе мора да најде некој кој ќе го замени.

Романо тврди дека тоа е Лени Јоро, 18-годишниот централен дефанзивец на францускиот прволигаш Лил. Јоро покажал голем потенцијал оваа сезона играјќи за Лил на 39 натпревари. Тој постигнал три гола. Реал веќе некое време го следи овој млад човек, но тој не е единствениот. Го сака и ПСЖ. Трансфермаркт го проценува на 40 милиони евра.

притисни ентер