Министерот Попоски се сретна со словенечкиот колега Ерјавец

Министерот за надворешни Никола Попоски, кој учестуваше на Бледскиот стратешки форум, попладнево се сретна со шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец.

- Денешната средба со мојот колега министерот за надворешни работи на Република Словенија Карл Ерјавец се однесуваше на три клучни теми- првата, во делот на регионалната соработка, што можат земјите-членки на ЕУ да сторат за кандидатите и потенцијалните кандидати за процесот да се одвива според определена динамика која ќе овозможи сите оние кои ги оствариле критериумите да можат да одат напред. Разговаравме и за можноста за развивање и стекнување регионални проекти особено во делот на инфраструктурата. изјави за МИА, министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Во вториот дел, посочи министерот, се осврнавме на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија во оној дел на билатералната соработка каде што имаме потпишано договори за соработка да се обидеме да ја интензивираме неа, а во делот каде што немаме да поттикнеме потпишување на дополнителни договори за соработка.

- Третата многу значајна тема беше посветена на економската соработка. Бележиме напредок односно позитивен тренд во трговската размена, но се надеваме дека ќе видиме позабележителни резултати односно поголем интензитет на соработка особено по заживувањето на економската активност во рамки на еврозоната. Сметам дека добра можност беше паралелно со Бледскиот стратешки форум на кој учествуваа министрите од поширокиот регион и на кој се дебатираше за соработката која сакаме да ја воспоставиме, Словенија да има можност да покаже дека навистина сака да ги види сите свои соседи во поширокиот регион час поскоро во Европската унија, истакна Попоски.

Од наша страна, потенцира министерот, беше истакнато дека сме посветени на надминување на сите предизвици на овој пат и сметаме дека поддршката од Република Словенија треба да биде мотив и за останатите земји од нашиот регион во Европската унија да пристапат кон овозможување на овој процес на интеграција да се одвива поскоро и подинамично.

Попоски рече дека со Ерјавец заедно ќе го проследат кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Црна Гора, кој ќе се одржи попладнево во Јесенице во рамки на ЕП во Словенија.

- Со мојот колега, министерот за надворешни работи на Словенија заедно ќе го проследиме кошаркарскиот натпревар. Од негова страна истакна дека навива за посилниот, од моја страна го поттикнав тоа да биде Република Македонија. Се надевам дека така и ќе биде вечерва, додаде министерот Попоски.

Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп

Пет клучни донатори инвестирале повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Доналд Трамп.

Тимоти Мелон, наследник на банкарското семејство Мелон, од 2022 година инвестираше најмалку 16,5 милиони долари во организацијата „Мага“ блиска до Трамп. Тој исто така има инвестирано најмалку 20 милиони долари во организацијата за време на претседателските избори во САД во 2020 година.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

Брачниот пар Исак и Лара Перлмутер во актуелната кампања на Трамп инвестирале повеќе од 10 милиони долари, а во 2020 година во неговата кандидатура вложиле 21 милион долари.

Трета на листата е претприемачката Линда Мекмахон, која донираше повеќе од 10 милиони долари на Трамп овој изборен циклус, а во 2019 и 2020 година инвестираше повеќе од 15 милиони долари.

Успешниот хотелиер Роберт Бигелоу во овој изборен циклус вложил девет милиони долари во организацијата „Мага“, а вети дека ќе вложи вкупно 20 милиони долари.

Додека Патриша Дуган во сегашната кандидатура на Трамп инвестираше повеќе од пет милиони долари, а претходно таа и нејзиниот поранешен сопруг Роберт веќе инвестираа во кампањата на Трамп во 2020 година. /МИА

Анализа: Вештачката интелигенција силно ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија

Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. 

Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за подобрување на економијата во следните пет години, но 42 отсто стравуваат дека тоа ќе доведе до губење на работни места. Проценката покажува дека во една третина од работните места (1,6 милиони) денес, имплементацијата на вештачката интелигенција ќе помогне да се зголеми продуктивноста, но во 34 проценти (1,7 милиони) може да биде потребна целосна автоматизација.

Најпогодени се очекува да бидат вработени во администрацијата, каде најверојатно ќе има отпуштања, додека вештачката интелигенција ќе може да им помогне на директорите на компаниите, хирурзите и судиите без да ги смени. Досега, само 3 отсто од работниците во Белгија стравуваат дека ќе бидат погодени поради вештачката интелигенција во следните пет години, а најрелаксирани се хонорарците, покажуваат податоците. Според проценките, може да се очекува дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми економијата за 0,1-0,5 отсто годишно.

Цитираните експерти прецизираат дека европското законодавство за вештачка интелигенција не и дава предност на ЕУ во однос на САД. Според нив, промените на европскиот пазар на труд ќе бидат постепени и може да се очекува појава на нови професии. /МИА

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

притисни ентер