Стриптизот на Мајли Сајрус на MTV awards - ја надмина Лејди Гага

Гага во танга и со школки на градите, Мајли речиси сосема гола, не знаеше што да направи да биде повулгарна!

Додека ја изведуваше новата песна „Аплауз“ Лејди Гага се преоблече 5 пати - на сцената настапи како калуѓерка, заврши со школки на градите и танга.



Lady Gaga


Мајли, за да го изведе она што го замислила, и помогна Робин Трик - нејзините движења беа наречени недозволиви, па девојката има само 20 години!


Miley Cyrus



Miley Cyrus 2



Наградите ги собра Џастин Тимберлејк.

Погледнете гo настапot на Лејди Gага на MTV awards.




Еве го настапот на Мајли.




Отстранети 143 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Во текот на изминатата недела  со специјалните возила пајак се подигнати вкупно 143 возила од јавните површини. 

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 33 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 110 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 166 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 33 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Пластичен хирург ,,си направил” идеална жена , па се оженил со неа (ФОТО)

Пластичниот хирург Дејвид Метлок ја создал совршената жена, а потоа и предложил брак на првиот состанок.

Вероника ја посетила ординацијата на пластичниот хирург Дејвид Метлок за да направи вагинопластика по раѓањето на нејзината ќерка.

Тој и предложил да направи повеќе процедури што доаѓаат во пакет наречен „Преуредување на преубава жена “.

Вероника се согласила и се подложила на операција за кревање на задникот , вагинопластика и лабиопластика, липосукција на брадата, рацете и нозете и инјектирала ботокс на лицето.

„Таа се определи за сè што и предложив… Дури и брак“, раскажал подоцна Дејвид.

Вероника се шегувала дека сега е рекламен билборд за работата на Дејвид.

И докторот отиде под нож, вбризгувајќи си импланти во бицепсот, трицепсот , во листовите на нозете и на плочките на стомакот.

#nobumalibu

A post shared by Veronica Matlock (@veronicamatlock) on

Вероника тврди дека нејзиниот сопруг ја сакал уште пред операциите.

,,Знам дека Дејвид ме сака затоа што кога влегов во неговата канцеларија, тежев десетина килограми повеќе, и тој рече дека тоа е љубов на прв поглед “, заклучи таа.

Заев: После два часа и 17 минути седење во кафеана во слободен разговор се случуваат грешки

Лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев уште еднаш се извини за кажаното за Шарената револуција што се слушна во еден од објавените аудио материјали.

-Јас и јавно се извинив на Фејсбук, објавив Фејсбук статус достапен до сите. Сигурно и до граѓаните учесници во Шарената револуција кои ги следат Фејсбук објавите. Доказ за тоа каков сум навистина покажуваат овие три години зад нас. Имавме одлична соработка, учевме од нив, тие се голем дел активисти во граѓанските организации, но многу голем процент од учесниците во Шарената револуција се граѓани неопределени во политичките партии… Секако после два часа и 17 минути седење во кафеана на слободен разговор се случуваат грешки. Сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам заради тоа што ниту сум го мислел тоа, ниту еве времето покажа дека сум имал некои непријатности во работењето. Напротив, имавме одлична соработка, изработивме заедно многу за нашата земја, рече Заев на новинарско прашање на прес – конференцијата пред Собранието по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ./МИА

притисни ентер