Анкета за Скопје 2014: Проектот поддржан од 24,4%, не го поддржуваат 34%

Македонците повеќе го поддржуваат Скопје 2014 од Албанците. Еве ги деталите за резултатите од анкетата.

По барање на Институтот Димитрија Чуповски, агенцијата “Ипсос Стратеџик Пулс“ спроведе истражување на јавното мислење по неколку политички и оптштествени прашања.

Истражувањето беше спроведено преку телефонска анкета на територијата на Цела Република Македонија, врз репрезентативен примерок од 2000 испитаници во периодот од 26 јуни до 7 јули 2013 година.

Во продолжение следи третиот дел од анкетата кои се однесува на прашања поврзани со проектот Скопје 2014.

1. Во колкава мера го поддржувате/ не го поддржувате проектот Скопје 2014?

• Целосно го поддржувам 24,4%
• До некаде го поддржувам 39,2%
• Воопшто не го поддржувам 34%
• Не знам 2,3%
• Одбива да одговори 0,1%

1.1 Прашањето “Во колкава мера го поддржувате/ не го поддржувате проектот Скопје 2014?„ поставено само кај етничките Македонци:

• Целосно го поддржувам 28%
• До некаде го поддржувам 42%
• Воопшто не го поддржувам 27%
• Не знам 2%
• Одбива да одговори 1%

1.2 Прашањето “Во колкава мера го поддржувате/ не го поддржувате проектот Скопје 2014?„ поставено само кај етничките Албанци:

• Целосно го поддржувам 14%
• До некаде го поддржувам 26%
• Воопшто не го поддржувам 57%
• Не знам 3%
• Одбива да одговори 0%

2. Која од следниве изјави појасно го опишува Вашиот став?

• Повеќе ми се допаѓа новиот лик на центарот на Скопје, предвиден со проектот Скопје 2014, отколку стариот лик на центарот на градот 60,3%
• Повеќе ми се допаѓа стариот лик на центарот на Скопје, отколку новиот лик предвиден со проектот Скопје 2014 35,6%
• Незнам 3,5%
• Одбива да одговори 0,6%

2.1 Прашањето „Која од следниве изјави појасно го опишува Вашиот став?“, поставено само кај етничките Македонци:

• Повеќе ми се допаѓа новиот лик на центарот на Скопје, предвиден со проектот Скопје 2014, отколку стариот лик на центарот на градот 64%
• Повеќе ми се допаѓа стариот лик на центарот на Скопје, отколку новиот лик предвиден со проектот Скопје 2014 31%
• Незнам 4%
• Одбива да одговори 1%

2.2 Прашањето „Која од следниве изјави појасно го опишува Вашиот став?“, поставено само кај етничките Албанци:

• Повеќе ми се допаѓа новиот лик на центарот на Скопје, предвиден со проектот Скопје 2014, отколку стариот лик на центарот на градот 44%
• Повеќе ми се допаѓа стариот лик на центарот на Скопје, отколку новиот лик педвиден со проектот Скопје 2014 54%
• Незнам 2%
• Одбива да одговори 0%

3. Во колкав степен Вам лично Ви се допаѓа барокниот стил на градбите од проектот Скопје 2014, на скала од 1 до 5?

• 1- воопшто не ми се допаѓа 25%
• 2- донекаде не ми се допаѓа 6%
• 3- ниту ми се допаѓа, ниту не ми се допаѓа 14%
• 4- донекаде ми се допаѓа 31%
• 5- сосема ми се допаѓа 21%
• Незнам 3%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 52%
• Сумарно негативно 32%


3.1 Прашањето „Во колкав степен Вам лично Ви се допаѓа барокниот стил на градбите од проектот Скопје 2014, на скала од 1 до 5?“, поставено само кај етничките Македонци:

• 1- воопшто не ми се допаѓа 19%
• 2- донекаде не ми се допаѓа 6%
• 3- ниту ми се допаѓа, ниту не ми се допаѓа 14%
• 4- донекаде ми се допаѓа 33%
• 5- сосема ми се допаѓа 25%
• Незнам 3%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 58%
• Сумарно негативно 26%

3.2 Прашањето „Во колкав степен Вам лично Ви се допаѓа барокниот стил на градбите од проектот Скопје 2014, на скала од 1 до 5?“, поставено само кај етничките Албанци:

• 1- воопшто не ми се допаѓа 44%
• 2- донекаде не ми се допаѓа 6%
• 3- ниту ми се допаѓа, ниту не ми се допаѓа 11%
• 4- донекаде ми се допаѓа 29%
• 5- сосема ми се допаѓа 7%
• Незнам 3%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 36%
• Сумарно негативно 50%

4. Колку се согласувате со изјавата “Изградбата на новите мостови во центарот на Скопје е неопходна за поврзување на објектите од двете страни на реката и олеснување на комуникацијата во центарот на градот“?

• 1- воопшто не се согласувам 15%
• 2- донекаде не се согласувам 5%
• 3- ниту се согласувам, ниту не се согласувам 9%
• 4- донекаде се согласувам 27%
• 5- потполно се согласувам 44%
• Не знам 1%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 71%
• Сумарно негативно 19%

5. Колку се согласувате со изјавата „Ми се допаѓа стилот на новите мостови на реката Вардар“?

• 1- воопшто не се согласувам 16%
• 2- донекаде не се согласувам 4%
• 3- ниту се согласувам, ниту не се согласувам 9%
• 4- донекаде се согласувам 27%
• 5- потполно се согласувам 39%
• Не знам 5%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 66%
• Сумарно негативно 21%

6. Колку се согласувате со изјавата „Менувањето на фасадите и ликот на постоечките објекти, како згради, мостови и слично е неопходно заради нивно вклопување во новиот лик на градот“?

• 1- воопшто не се согласувам 17%
• 2- донекаде не се согласувам 6%
• 3- ниту се согласувам, ниту не се согласувам 12%
• 4- донекаде се согласувам 27%
• 5- потполно се согласувам 37%
• Не знам 1%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 63%
• Сумарно негативно 23%

7. Колку се согласувате со изјавата „Проектот Скопје 2014 го урбанизира и го култивира централното градско подрачје“?

• 1- воопшто не се согласувам 22%
• 2- донекаде не се согласувам 7%
• 3- ниту се согласувам, ниту не се согласувам 13%
• 4- донекаде се согласувам 30%
• 5- потполно се согласувам 25%
• Не знам 3%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 55%
• Сумарно негативно 29%

8. Колку се согласувате со изјавата „Ми се допаѓа споменикот и фонтаната Воин на коњ во центарот на Плоштад Македонија“?

• 1- воопшто не се согласувам 22%
• 2- донекаде не се согласувам 4%
• 3- ниту се согласувам, ниту не се согласувам 6%
• 4- донекаде се согласувам 18%
• 5- потполно се согласувам 49%
• Не знам 1%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 67%
• Сумарно негативно 26%

8.1 Прашањето „Колку се согласувате со изјавата - ми се допаѓа споменикот и фонтаната Воин на коњ во центарот на Плоштад Македонија ?“,поставено само кај етничките Македонци:

• 1- воопшто не се согласувам 11%
• 2- донекаде не се согласувам 4%
• 3- ниту се согласувам, ниту не се согласувам 7%
• 4- донекаде се согласувам 18%
• 5- потполно се согласувам 59%
• Не знам 1%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 77%
• Сумарно негативно 15%

8.2 Прашањето „Колку се согласувате со изјавата - ми се допаѓа споменикот и фонтаната Воин на коњ во центарот на Плоштад Македонија ?“,поставено само кај етничките Албанци:

• 1- воопшто не се согласувам 59%
• 2- донекаде не се согласувам 6%
• 3- ниту се согласувам, ниту не се согласувам 4%
• 4- донекаде се согласувам 14%
• 5- потполно се согласувам 15%
• Не знам 2%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 29%
• Сумарно негативно 65%

9. Колку се согласувате со изјавата „Изградбата на новите објекти кои ги предвидува проектот Скопје 2014 (филхармонија, музеи, театри, министерства ит.н.) е од големо значење за Скопје и Република Македонија“?

• 1- воопшто не се согласувам 15%
• 2- донекаде не се согласувам 5%
• 3- ниту се согласувам, ниту не се согласувам 11%
• 4- донекаде се согласувам 27%
• 5- потполно се согласувам 40%
• Не знам 2%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 67%
• Сумарно негативно 20%

9.1 Прашањето „Колку се согласувате со изјавата - Изградбата на новите објекти кои ги предвидува проектот Скопје 2014 (филхармонија, музеи, театри, министерства и т.н.) е од големо значење за Скопје и Република Македонија?“, поставено само кај етничките Македонци:

• 1- воопшто не се согласувам 11%
• 2- донекаде не се согласувам 4%
• 3- ниту се согласувам, ниту не се согласувам 13%
• 4- донекаде се согласувам 25%
• 5- потполно се согласувам 45%
• Не знам 2%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 71%
• Сумарно негативно 15%

9.2 Прашањето, „Колку се согласувате со изјавата - Изградбата на новите објекти кои ги предвидува проектот Скопје 2014 (филхармонија, музеи, театри, министерства и т.н.) е од големо значење за Скопје и Република Македонија?“, поставено само кај етничките Албанци:

• 1- воопшто не се согласувам 31%
• 2- донекаде не се согласувам 6%
• 3- ниту се согласувам, ниту не се согласувам 6%
• 4- донекаде се согласувам 37%
• 5- потполно се согласувам 19%
• Не знам 1%
________________________________________________________
• Сумарно позитивно 56%
• Сумарно негативно 37%


Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна помош за Палестинците

ЕУ донесе одлука за одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците со цел справување со тешката хуманитарна криза во Газа и со постојаниот пораст на потребите на цивилите на теренот, соопшти Европската комисија. 

Според еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, во Газа се случува на вистинска хуманитарна катастрофа која претставува екстремна опасност што може да ги доведе Палестинците во критична состојба.

- Драматичниот биланс на жртви и повредени меѓу цивилите, од кои повеќето се жени и деца, уништувањето на виталните инфраструктури и претстојниот глад во Газа мора да бидат аларм за будење за целата меѓународна заедница, истакна Ленарчич.

Според него, цивилите не треба да бидат тие што ја плаќаат цената на конфликтите.

- Палестинците не можат повеќе да чекаат да пристигне значајна помош, Израел мора да стори повеќе за да се избегне понатамошна човечка катастрофа. Почитувањето на меѓународното право е најважно, заклучи еврокомесарот Ленарчич.

Оваа дополнителна хуманитарна помош ќе се дистрибуира преку партнерски организации на ЕУ кои веќе им помагаат на Палестинците во Газа и во целиот регион. Помошта првенствено е наменета за задоволување на потребите за храна и вода, здравствена заштита, санитарии и објекти за сместување.

Со овие 68 милиони евра вкупната хуманитарна помош што ЕУ ја обезбеди за Палестинците во Газа и во целиот регион во 2024 година достигна 193 милиони евра. /МИА

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот да преземе одговорнст

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.

- Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави денеска Демири.

Одговарајќи на новинарки прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.

- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

притисни ентер