Бранислав Ивановиќ е новиот херој на Челзи. Српскиот интернационалец со гол во последните секудни од судиското надополнување му го донесе на Челзи премиерниот трофеј во Лига Европа.
На Амстердам Арената вечерва видовме финале за инфаркт со многу шанси удари кон голот, пресврти и три гола.
Амстрадам вечерва е обоен во сино, Челзи ја слави титулата во Лига Европа, до 25 мај и финалето од ЛШ меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, во витрините на Челзи ќе бидат двата европски пехари од Лига Европа и Лигата на шампионите.
Амстердам арената по прв пат еруптираше во 60 минута кога Челзи со голот на Торес поведе со 1-0 во големото финале.
Само осум минути подоцна Бенфика израмнува од оправдано досудениот пенал. Стрелец на израмнувачкиот гол е извонредниот Кардозо со својот 7 гол во ЛЕ.
Кога сите го очекуваа крајот на регуларниот тек и продолжението , нова ерупција на навивачите на Челзи.
Се играше 3 последна минута од судиското надополнување, Мата изведе корнер ,нависок во шеснаесетникот на Бенфика е Ивановиќ ,голманот на португалците повторно капитулира Челзи ја победува Бенфика со 2-1 и го слави трофејот во Лига Европа.
Рафа Бенитез од вечерва е само вториот тренер по легендарниот Удо Латек со европски титули во три различни екипи.
Бенфика и нејзините симпатизери повторно со солзи во очите го напуштија мечот .Пред три дена на сличен начин со гол во 91 минута беа поразени од Порто и ја загубија титулата во Португалија, вечерва Бенфика на скоро идентичен начин е поразена од Челзи .
.