Легендарната порно актерка Џејмисон приведена поради напад

Поранешната актерка во филмови за возрасни Џена Џејмисон во саботата навечер во една куќа во Калифорнија е уапсена од полицијата поради физички напад , соопшти утринава американската полиција.




Најпопуларната поранешна порно актерка на светот , легендарната Џена Џејмисон е уапсена викендов во Калифорнија по прославана на својот роденден.

Џена наводно околу 20 часот во саботата пред нејзината прослава за 39 роденден нападнала неидентификувана личност во монденскиот Њупорт бич.
Нападнатата личност по инцидентот успеала да ја смири воинствената Џејмисон и да ја задржи на местото на нападот се до доаѓањето на полицијата.
Џејмисон потоа е приведена , обвинета за напад , но набргу потоа и пуштена од притвор.

По инцидентното легендарната порно актерка се брани од овие наводи на Твитер , каде наведува дека „пријателската и личната асистентка Бритни М. провалила во нејзиното дом и ја ограбила.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер