Жерновски: Центар падна поради „Скопје 2014“

Со победата во Центар започнува пролетта во Македонија, рече Жерновски.

- И покрај Пустец и покрај Мала Преспа, победивме во Центар - ја објави својата победа вечерва во прес-центарот на СДСМ, кандидатот на опозицијата за нов градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

Победија граѓаните на општина Центар, рече тој заблагодарувајќи им се поради, како што кажа, нивната чесност и решителност.

- Никола Груевски, вели дека работата во Центар се уште не готова, работата е готова, нека не се залжуваат да го правата истото сценарио како и во превиот груг - рече Жерновски и додаде дека со победата во Центар падна идеологијата, падна антиквизацијата на оваа власт.

На крај Жерновски истакна дека е длабоко убеден дека со победата во Центар започнува пролетта во Македонија.
притисни ентер