Црвенковски: Ова е кулминација на режимот на Груевски

Ова е кулминација на режимот на Никола Груевски на овие локални избори, констатира лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски по првичните резултати од локалните избори.

- За нас овие локални избори не беа фер и демократски и целосно се нелегитимни – рече тој.

Црвенковски и со порака до сите граѓани дека, како што рече, работиве во нашата земја нема да излезат на арно.

- За жал не е далеку денот кога ќе мора да се плати огромна цена за овие погрешни политики, и затоа сите оние кои мислат дека СДСМ беа поразени, грдно се лажете. На овие избори беше поразен целиот наш народ. Нашата битка ќе ја продолжиме против оваа диктатура со истата решителност, диктатура може да биде срушена само од народот. Клучното прашање е што ќе направи целиот наш народ, ние сме тука а вие почитувани граѓани сега сте на потег – рече Црвенковски
притисни ентер