Македонски балетски уметници на гала-концерт за јубилејот на нивните колеги од Србија

Македонски балетски уметници утревечер ќе гостуваат на гала балетски концерт во Народно позориште во Белград, по повод 50 години постоење на Здружението на балетски уметници на Србија.

Како што соопшти МОБ, во првиот дел од концертот ќе настапи македонската солистка Ивана Коцевска која со солистот Јован Веселиновиќ од Србија ќе одигра адаџо од балетската претстава „Самсон и Далила“.

Во вториот дел од концертот белградската публика ќе види адаџо од претставата „Есмералда“ со настап на првенката на МОБ Александра Мијалкова и солистот Васил Чичијашвили од Грузија.

Здружението на балетски уметници на Србија е единствено репрезентативно и врвно еснафско здружение во сферата на уметничкиот танц во Србија. Основано е во 1962 година. Во својот состав опфаќа професионални танчари, кореографи, балетски педагози, репетитори, критичари и теоретичари, со цел заштита на заедничките интереси, унапредување на професијата, презентации и афирмации на уметничкиот танц.

Фото: Евакуирана Ајфеловата кула

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана, изјавил денес безбедносен извор за „Ројтерс“.

Изворот не потврдил дали евакуацијата следела поради закана од бомба, како што објавија некои медиуми.

„ВИК“ доби државна помош за втор инвестициски циклус во ТИРЗ Прилеп

Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во Технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп.

Договорот за државна помош го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата, Вернер Шоеб, а истиот превидува помош од 2,5 милиони евра за вработување на нови 100 лица.

„Вик Македонија“, која работи во ТИРЗ Прилеп, е германска семејна компанија основана во 50-тите години од минатиот век, која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Во 2018 година со оваа компанија беше потпишан првиот договор за државна помош, а компанијата веќе имаат реализирано инвестиција од 10,5 милиони евра, а во моментов таму работат 250 лица.

Путин: Наскоро втора вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека втората руска вакцина против вирусот корона ќе биде регистрирани во најскоро време.

„Инаку, наскоро ќе биде регистрирани и втора вакцина против вирусот корона“, рекол Путин обраќајќи се пред сенаторите во Советот на Федерацијата.

Рускиот претседател додал дека властите на Русија ги имаат во предвид можните ризици во борба против вирусот корона.

Според зборовите на Путин, рускиот здравствен систем е подготвен ефикасно да се справи со коронавирусот и сезонскиот бран на настинки и грип.

Претходно министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров изјавил дека втората руска вакцина против Ковид-19 ќе биде произведувана од компанијата „Биокад“.

„Спутник“ потсетува дека Русија во август ја регистрираше првата вакцина против коронавирус во светот, која ја разви центарот „Гамелеј“, заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Моментално е во тек финалната фаза на тестирање на вакцината, во која учествуваат голем број на доброволци.

притисни ентер