Артета: За Озил нема веќе место во Арсенал

Микел Артета, тренерот на Арсенал, вели дека е многу тажен поради ситуацијата на Месут Озил во клубот.

32-годишниот светски шампион е во ќор-сокак од почетокот на сезоната, откако Артета не го вклучи на списокот на играчи оваа сезона за првенствени и европски натпревари. Озил не игра за лондонскиот клуб од март и се чини дека неговите денови во клубот се избројани. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Артета минатиот месец рече дека чувствува дека го изневерил германскиот играч, кој пристигнал во Арсенал во 2013 година од Реал Мадрид.

Но, Шпанецот сега има друга приказна. Тој вели дека е многу тажен поради ситуацијата со Озил во клубот, но дека сето тоа се случува во корист на целиот клуб.

"Уште кога дојдов овде, ако погледнете некои играчи каде биле и каде се сега, нивната кариера е целосно променета и тие го заслужуваат тоа. Ние им дадовме шанса и тие ја искористија", изјави Артета за beIN Sports, повикувајќи се на Озила:

"Што се однесува до Месут во моментот, очигледно нема место за него во тимот. Се обидов да бидам јасен со него како што бев со медиумите и навивачите, бидејќи мислам дека секој заслужува да ги знае причините. Некои луѓе ќе разберат, а многумина не, особено поради тоа што Месут направи за овој клуб “.

Артета посочува дека бил повреден поради ситуацијата со Германецот.

"Јас сум повреден затоа што не сакам никој од играчите во мојот тим да нема шанса да игра и да се натпреварува. Многу е тажно затоа што мислам дека никој не заслужува таков третман. И ние во тимот имаме неколку такви играчи.

Но, на крајот на денот, јас донесувам одлуки врз основа на моите претпоставки и знаење за тоа што е најдобро за овој клуб. Ќе остане така “, заклучил тој.

Арсенал го продолжува шампионатот со дуел против Лидс Јунајтед во недела како дел од деветтото коло во Премиер лигата.

Шпанскиот крал во самоизолација поради ризичен контакт

Шпанскиот крал Фелипе VI се самоизолирал откако стапил во контакт со лице кое имало позитивен тест на Ковид-19, објави палатата.

„Лицето со кои бил во контакт вчера денес е позитивно на Ковид-19“, се наведува во соопштението од кралската палата во кое се додава дека 52 годишниот крал ги суспендирал сите службени актривности на 10 дена.

„Согласно здравствените правила, тој 10 дена ќе помине во превентивен карантин“, се вели во сооштението, пренесе „АФП“.

Кралицата Летиција и ќерките на кралскиот пар Леонор и Софија ги продолжуваат своите активности.

Престолонаследничката Леонор (15) помина две недели во самоизолација во септември, откако беше откриена инфекција со Ковид-19 меѓу нејзините колеги. Подоцна таа била негативна.

Шпанија е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавируси со повеќе од 1,5 милиони заразени и над 43.000 смртни случаи.

Трамп на кратко се појавил пред новинарите, не зборувал за изборите

Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19, рекол Трамп.

Претседателот на САД Доналд Трамо денес на кратко се појави на конференција за новинари во Белата Куќа и не проговорел ниту збор за изборите, пренесе сајтот „ Politico“.

Индустрискиот индекс на Њујоршката берза Дау Џонс денес скокнал за повеќе од 500 поени, надминувајќи ја границата од 30.000 бодови, за што говорел и Трамп.

-Тоа се свети бројки. Никој не помисли дека некогаш ќе се видат тие бројки, рекол кратко Трамп, пренесе „Танјуг“.

Претседателот на САД не одговарал на новинарски прашања, а едиствено ја прокоментирал вакцината против Ковид-19.

- Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19. Тоа е апсолутно неверојатно, рекол Трамп.

Видео: Младоженец случајно ја удри невестата и ја уништи венлавката

Еден младоженец случајно ја уништи сопствената венчавка кога ја удрил со нога својата сопруга директно во лице додека изведувал танц за неа.

Овој невообичаен танц кој младоженецот Адам Гаудет реши да и го приреди на неговата сопруга Микаела заврши неочекувано. Тој ја удри во лица и на тој начин ја уништи соспствената свадба.

Тие се решиле да го споделат видеото на социјалната мрежа Тик Ток под наслов „Како мојот сопруг ја уништи нашата венчавка“ каде што тоа стана вирално.

притисни ентер