3ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот
ФудбалАртета: Ова се случува – тоа е фудбал, противникот ги казни нашите грешкиМенаџерот на Арсенал Микел Артета по поразот (1:2) на вчерашниот дуел на домашен терен од Борнмут остана на лидерската позиција со девет бодови предност со два натпревара повеќе. Но, конкурентот Манчестер Сити има шанса да ја намали бодовната разлика. - Ова може да се случи – тоа е фудбал и треба да признаете дека противникот ги искористил шансите по вашите грешки. Ние бевме под своето ниво. Тоа е болно за играчите и треба да ги боли. Треба да сфатиме, или ќе се кренеме и бориме, или ќе нè нема. Имаме добри позиции во двете натпреварувања, но мора да бидеме подобри. Ова е голем удар и треба да знаме како да реагираме, изјави Артета. Арсенал во среда го игра реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Спортинг на домашен терен, а на првиот дуел победи на гости со 1:0, додека во Премиер лигата е на првата позиција и е најсериозен кандидат за титулата, која последен пат ја освои во 2003 година. Сепак следниот викенд го очекува гостување кај Манчестер Сити.Тагови: Арсенал Артета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКонгресот на САД изгласа построги санкции против РусијаПретставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина.Претставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина, испраќајќи го законот до претседателот Доналд Трамп за негов потпис. Ова веројатно е најзначајната иницијатива на САД за поддршка на Украина откако Трамп се врати на функцијата: По Сенатот, и претставничкиот дом сега ги одобри новите санкции. Законот сега се нарекува „закон за санкции на Русија и Иран од Линдзи Греам од 2026 година“, во чест на покојниот републиканец од Јужна Каролина кој го предложи пред година ипол. Десетици демократи се одвоија од раководството на нивната партија и им се придружија на повеќето републиканци во поддршката на законот. Законот е насочен кон руската енергетска и одбранбена индустрија, како и кон руската „флота во сенка“ од танкери кои ги заобиколуваат западните санкции и пловат низ меѓународните води што е спротивно на меѓународното право вклучитело и поморското, и се соочи со отпор бидејќи го овластува Трамп да воведе високи царини на Кина, Индија и други земји за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас и да ги продолжат санкциите кон Иран.Тагови: Конгрес русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерствоВо рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор.Во рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор, на кои во фокусот беа продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и отворањето нови можности за економска и инвестициска соработка. Мицкоски оствари средба со Caroline Vik, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката и потенцијални инвестиции во Македонија во повеќе области, со посебен акцент на енергетиката, високите технологии и други стратешки сектори. DFC во своето работење посебен фокус става на енергетиката, современата инфраструктура и напредните технологии, а по проширувањето на нејзините овластувања располага со значително поголем капацитет за меѓународни инвестиции. Посетата на Вашингтон беше искористена и за серија политички средби со претставници на американскиот Конгрес. Претседателот на Владата оствари средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. На средбата се разговараше за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси на двете земји, како и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Мицкоски оствари средба и со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. Во разговорите беше истакнато значењето на традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и важноста на парламентарната соработка, политичкиот дијалог и размената на искуства меѓу двете земји. Серијата средби во Вашингтон претставува продолжување на заложбите за зајакнување на стратешкото партнерство со САД, но и за негово преточување во конкретна економска соработка, нови инвестиции и проекти од интерес за нашата држава. Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни и долгорочни македонско американски односи остануваат важен темел на соработката меѓу двете држави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законотИнсталациите на СДС и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок.СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот, туку судство со двојни аршини. Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудните органи, за кубење коса судат четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години. Додека пак, кога се работи за тешки криминали и дела со смртни последици во кои постојат сомненија дека се вклучени лица од или блиски на СДС и ДУИ, како што се Венко Филипче, Зоран Заев и блиски на Али Ахмети, одговорност нема. Така за случајот Ласкарци, каде што загинаа 16 луѓе, за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 сограѓани, како и за криминалниот случај Мазут, тежок од 167 милиони евра, граѓаните со години чекаат правда, одговорност за никој нема. Ова се двојните стандарди кои ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството. Кога треба да се испита одговорноста на моќни поединци и интереси поврзани со СДС и ДУИ, постапките се одолговлекуваат, а одговорноста изостанува. Правдата не смее да има партиска книшка, правосудството не може да биде заштитник и партиски бастион и упориште на моќниците од СДС и ДУИ. Времето на недопирливите моќници и на штетниците во правосудството инсталирани од Зајас и Струмица, треба и ќе заврши, како што заврши власта на СДС и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите и правдата мора да биде еднаква и достапна за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter