Артета: Многу сум среќен за победата над Евертон - Канал 5

Артета: Многу сум среќен за победата над Евертон

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е задоволен од настапот на тимот против Евертон (1:0) синоќа на гостински терен во 17. коло од англиската Премиер лига.

Артета: Многу сум среќен за победата над Евертон

- Многу сум среќен од победата, навистина е тешко да се игра на теренот на Евертон. Тие се многу добро организиран противник. Исто така, би сакал да истакнам колку е прекрасен стадионот, неговата убавина ми предизвикува наежување. Имаше периоди во првото полувреме кога навистина доминиравме, но не создадовме многу шанси. Постигнавме гол. А во второто полувреме имавме три чисти можности за гол но не реализиравме ниту една. Во Премиер лигата мора да ги искористите шансите ако сакате да го завршите натпреварот порелаксирано.

Не се оптоваруваме со Манчестер сити. Можеме да ги контролираме само сопствените перформанси и нашите резултати, и знаеме колку уште треба да играме и колку е тешка оваа лига, изјави Артета за „Скај Спортс“.

Арсенал ја обезбеди третата последователна победа во сите натпреварувања. „Топџиите“ освоија 39 бода и се вратија на првото место на табелата во Премиер лигата пред Манчестер сити кој собра 37 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: 60 нови садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето!

Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк.

Град Скопје: 60 нови садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето!

Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема.

Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град!

По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен.

Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот.

И ова е само почеток!

Градскиот парк ќе го оплемениме со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини.

На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани.

Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град.

Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано!

https://www.facebook.com/share/1B95JW3ybr/?mibextid=wwXIfr

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници, поведена постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие 

ЈО: Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници, поведена постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото со нож во рацете. Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот им ја исекол левата задна гума од автомобилот. Оштетениот се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост за оштетениот – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуција

Американската војска во вторникот употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад врз цели на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) во Иран, пренесува „Аксиос“, повикувајќи се на американски официјални лица.

Американската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуција

Според американскиот портал, ова е прва мисија на бомбардерот Б-1 по обновувањето на конфликтите меѓу САД и Иран пред 12 дена и претставува значително проширување на американската воена кампања.

Овој тип на бомбардер може да носи десетици крстосувачки ракети или до 24 бомби со тежина од околу 900 килограми, поради што неговото распоредување претставува видлива ескалација на воената операција.

Б-1 може да лета со брзина поголема од брзината на звукот на мали височини, носејќи притоа најголем товар од бомби во споредба со кој било друг тип на бомбардер.

Според американски официјални лица, авионот Б-1 полетал од воздухопловна база во Велика Британија, а неговото движење било забележано на јавно достапни сервиси за следење летови.

Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека тој ден американските сили извршиле напади врз иранските центри за воени операции, поморски објекти, хангари за авиони, магацини за беспилотни летала и логистичка инфраструктура, со цел да се намали способноста на Иран да го загрозува комерцијалниот сообраќај во Ормускиот Теснец.

Не е прецизирано кои цели ги погодил бомбардерот Б-1, ниту дали неговата мисија имала поголем ефект од претходните воздушни напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер