Артета: Многу сме задоволни од победата против Олимпијакос без примен гол - Канал 5

Артета: Многу сме задоволни од победата против Олимпијакос без примен гол

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали својот тим за начинот на кој дојде до победата над Олимпијакос.

Артета: Многу сме задоволни од победата против Олимпијакос без примен гол

„Топчиите“ синоќа во Лондон во второто коло од Лигата на шампионите со 2:0 го совладаа грчкиот претставник.

- Многу сме задоволни од победата и од тоа што не примивме гол против толку тежок противник. Мислам дека почнавме многу добро. Постигнавме гол, а потоа имавме неколку одлични шанси, кои во Лигата на шампионите мора да ги реализирате, во спротивно губите. Натпреварот беше отворен. Давид Раја направи одлична одбрана, но мора да им се заблагодариме на сите момци за овој настап, изјави Артета по мечот.

Арсенал има шест бода и е на 5. место на табелата. Олимпијакос е на 29. место со еден бод.

Во третото коло, грчкиот клуб ќе игра против Барселона, додека Арсенал ќе се соочи со Атлетико Мадрид. Двата натпревари ќе се одржат на 21 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Кризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. 

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино.

Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар.

Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температура до 34 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.

Сончево со температура до 34 степени

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре под влијание на влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Врнежите наместа ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути

На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути.

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ.

Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер