Артета: „Кога Гвардиола ќе донесе одлука, тогаш можеме да разговараме за тоа“ - Канал 5

Артета: „Кога Гвардиола ќе донесе одлука, тогаш можеме да разговараме за тоа“

Предводникот на топџиите од Лонодн, Микел Артера е задоволен по победата на неговиот Арсенал од 1-0 против Барнли во претпоследното коло на Премиер лигата. 

Артета: „Кога Гвардиола ќе донесе одлука, тогаш можеме да разговараме за тоа“

Пред Арсенал се двете најзначајни средби во последните две децении. Средби кои обебзедуваат титули во Лигата на шампионите и Премиер лигата.

Во првиот меч викендов, Арсеналигра против Кристал Палас на гости за „верификација“ на титулата во Премиер лигата, а потоа на 30 мај и финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта.

„Задоволство е да се види трансформацијата и начинот на кој секој од вас го претвори ова место во прекрасен свет на уживање во фудбалските натпревари. Ова е душата на фудбалот и овој клуб, сите вие ​​придонесовте за тоа. Бидете сигурни дека секој пат кога ќе дојдете на овој стадион имаме обврска да се држиме до овој стандард сите заедно бидејќи вие правите огромна разлика за сите нас и за играчите. Се гледаме на Селхерст Парк и во Будимпешта“, им рече Артета на навивачите.

Само еден гол беше доволен за триумф против Барнли за предност пред лутиот ривал Сити од 5 бодови пред вечерашниот меч на граѓаните против Борнмут.

„Знаевме дека нема да биде лесно бидејќи знаевме што значи овој натпревар. Среќни сме, но трае кратко и веќе повторно почнуваме да се грижиме. Денес одигравме еден од најдобрите натпревари, можевме да постигнеме два, три гола“, рече тој. Тој, исто така, накратко коментираше за натпреварот помеѓу Борнмут и Манчестер Сити, кој ќе се игра во вторник.

„Сè е можно во Премиер лигата, сите ќе го гледаме тој натпревар. Но, не знам дали сите ќе го гледаме заедно. Сепак, мора правилно да се подготвиме за Кристал Палас.“

Пред натпреварот помеѓу Арсенал и Барнли, се прошири веста дека Пеп Гвардиола ќе го предводи Манчестер Сити од клупата за последен пат во недела. „Кога тој всушност ќе донесе одлука, тогаш можеме да разговараме за тоа“, заклучи Артета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Линекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.

Линекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“

Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година.

Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот.

„Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер.

Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор.

„Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата.

„Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација.

Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации.

Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих.

Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Дилета Леота е повторно во топ форма

Уште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија.

Фото: Дилета Леота е повторно во топ форма

Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата.

Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот.

Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим.

Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци.

Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер