Артета: Арсенал доминираше над Тотенхем, Езе можеше да постигне четири или пет гола - Канал 5

Артета: Арсенал доминираше над Тотенхем, Езе можеше да постигне четири или пет гола

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека „топчиите“ можеа да постигнат повеќе голови во победата од 4:1 над Тотенхем вчеравечер во 12. коло од Премиер лигата.

Артета: Арсенал доминираше над Тотенхем, Езе можеше да постигне четири или пет гола

- Ова е посебен ден за нас. Знаевме колку е важен овој натпревар и што значи за нашите навивачи. Прекрасно е да можеме да им дадеме таква радост. Искрено, Еберечи Езе можеше да постигне четири или пет гола. Тој е добар играч кој може да создаде магични моменти. Доминиравме во текот на целиот натпревар. Создадовме многу шанси и бевме многу блиску до постигнување гол. Останавме трпеливи“, рече Артета на прес-конференција.

Арсенал има 29 бода и е на врвот на табелата. Тотенхем е на 9. место со 18 бода.

Следниот натпревар на Арсенал е со Челзи на гостински терен на 30 ноември во 13. коло, додека Тотенхем ќе биде домаќин на Фулам на 29 ноември. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Суперјахтата на Путин забележана кај Данска

Конвој од три руски бродови пловеше покрај Данска претходно оваа недела, вклучувајќи ја и суперјахтата Грејсфул, за која се верува дека му припаѓа на рускиот претседател Владимир Путин.

Суперјахтата на Путин забележана кај Данска

Суперјахтата влезе во данските територијални води во недела навечер и помина во близина на островот Анхолт во понеделник наутро, објави данскиот медиум „DR“.

Грејсфул наводно била придружувана од разурнувач и патролен брод.

Преминувањето привлече внимание затоа што, според „DR“, суперјахтата Грејсфул го исклучила својот „AIS“ предавател на 30 август 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина.

Оттогаш, бродот е практично „под радарот“, иако оттогаш е забележан во близина на Санкт Петербург.

Откако конвојот беше забележан во близина на Данска, тој беше под постојан надзор.

„Вооружените сили редовно ги следат бродовите, вклучително и бродовите на странски држави, кои минуваат низ данските теснеци и територијални води, користејќи соодветни можности“, соопшти Данската одбранбена команда.

Според претходните извештаи на списанието „Форбс“, суперјахтата „Грејсфул“ е долга околу 80 метри и се проценува дека вреди околу 100 милиони евра.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило

12 возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, a двајца под дејство на алкохол.

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Три лица во Битола, две лица во Прилеп (еден малолетник), две лица во Скопје и по едно лице во Ропотово, Кичево, гостиварско, Гостивар и Ресен. На возачот во Ресен му биле измерени и 0,92 промили алкохол во крвта. Под дејство на алкохол, исто така, возеле по едно лице во Кратово и Македонска Каменица. Возачот во Кратово претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал удрил во паркирано товарно возило.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер