Арсовски: Урбаната мафија со поддршка на СДСМ во Охрид не запира

Претходно слушнавме за еден градоначалник од Скопје на СДСМ којшто тепа свои сограѓани, денеска ќе слушнеме за еден градоначалник којшто единствено што работи е што дозволува да се градат дивоградби низ целиот Охрид.

Урбаната мафија со поддршка на СДСМ во Охрид никако не запира. Нема намера да запре ни од страна на СДСМ, ниту пак да биде запрена од страна на градоначалникот. Иако Охрид е под сериозна закана да ја загуби титулата од УНЕСКО и да биде тргнат од листата за заштита на културно природно наследство, сепак СДСМ мува не ги лази и немаат намера да ги стопираат дивоградбите којшто никнуваат како печурки низ целиот град.

Овој пат, дивоградба на брегот на Охридското езеро на стариот пат помеѓу Охрид и Струга на нелегален начин, блиску до езерото до самиот брег, со месеци наназад гради бетонска база советникот кој е дел од коалицијата на власт во Охрид, Нефи Усеини, советник за кој се зборуваше дека пред некој извесен период на седница на Советот физички нападна друг советник затоашто не гласал по негово убедување.

За оваа дивоградба од бетонска база, Константин Горѓиевски градоначалникот на Охрид знае, но сеуште нема преземено ништо, како и за секоја друга дивоградба којашто никна во Охрид.

Бетонската база не поседува никакви потребни дозволи од општината, а нема ни одлука од министерството за животна средина, кадешто треба да добие еколошка дозвола за градба.

Оваа дивоградба не поседува ниту една дозвола и треба веднаш да биде срушена од страна на општината и градоначалник. Но, од општината молчат и ден денес бидејќи тоа е дел од предизборната коалиција на Константин Ѓорѓиевски од СДСМ и советникот кој пола Охрид го изгради нелегално со диво градби.

Да потсетиме дека овој ист советник, Нефи Усеини има изградено и нелегален објект во старата чаршија до чинарот и сеуште не е преземено никаква мерка од страна на општината.

Да потсетиме дека и минарето на нелегален начин беше изградено, за повторно општината, градоначалникот и Заев да ги лажат граѓаните и да не преземат ништо кое е во рамките на Законот за градење.

Охрид е претворен во градилиште на дивоградби, и секој што ја има задолжено СДСМ со нешто пред изборите гради каде ќе стигне, без притоа никој да одговара.

Заради личните интереси и политички пазари на СДСМ и Константин Ѓорѓиевски единствено трпат штета граѓаните на Охрид и самиот град кому му се заканува отстранување од листата на УНЕСКО.

Доколку му се искрени намерите на градоначалникот, да го среди градот и на СДСМ да завладее законот треба уште веднаш да се срушат сите диви објекти во градот, вклучително најпрво да се почне од оваа бетонска база којашто е на советникот од Коалицијата на власт во Охрид.

Во спротивно, еден ден, ќе одговараат сите инволвирани за ова силување на градот и на општината.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Чудото од дете“ на Барселона е најскапиот фудбалер на светот

Академијата Ла Масија во Барселона се смета за фабрика за создавање таленти.

Познато е дека низ неа поминале многу познати играчи како Чави, Иниеста, Меси, Бускетс, но еден играч би можел да ги засени во блиска иднина.

Тоа е Ламин Џамал, кој во јули наполни 17 години, а сега и официјално е најкорисен фудбалер во светот. Меѓународниот центар за спортски студии ја објави листата на најскапи играчи помлади од 23 години, на која чудото од Барселона го држи првото место.

Неговата вредност е проценета на 134 милиони евра, а второто место му припаѓа на 19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Невес, чија вредност се проценува на 73 милиони евра, додека третото место го поделија Савио од Жирона и Кол Палмер од Челзи. .

Инаку, Џамал ​​има договор со Барса до крајот на сезоната, а медиумите во Шпанија веќе го споредуваат со легендарниот Лео Меси.

Семејствата на жртвите на најголемиот пожар во Грција ја демолираа судницата (ВИДЕО)

Семејствата на жртвите кои загинаа во страотниот пожар во Грција во 2018 година денеска жестоко реагираа на пресудата со која шест лица беа осудени за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во кој што загинаа 104 лица.

Судот во Атина денеска осуди маж за случајно палење пожар и петмина поранешни функционери на противпожарната служба. Судот ослободи 15 други лица, меѓу кои и регионални гувернери, од обвиненијата за прекршоци.

Еден од гувернерите бил обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срам“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.

Еден од присутните за време на изрекувањето на пресудата фрлил стол, поради што е приведен, јавуваат грчките медиуми. Тој не е единствениот кој направил хаос во судницата. Како што пренесува „Прототема“, членовите на неколку семејства почнале да фрлаат со столчиња и да ги навредуваат судиите додека ја напуштале судницата.

„Срам да ви е, немате ли деца?“, се слушало како викаат револтираните членови на семејствата на загинатите.

„Некорисни сте, животни!“ извикуваа огорчено.

„Цела Грција знае што се случи, сметавме на вас да ги осудите“, плачеа во судницата....

За потсетување, петмина осуденици, меѓу кои и поранешниот началник на противпожарната служба, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни кривични дела од небрежност што довеле до повреди и загуби на живот. Судијата претседавач наредил казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.

Сите петмина осудени функционери се ослободени и им е дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на до 40.000 евра, пренесува АП.

Шестиот човек, сопственик на имотот каде што избувнал пожарот, е осуден на три години затвор поради невнимание и исто така е ослободен.

Да потсетиме, 104 лица загинаа во пожарот во крајбрежниот град Мата, кој се случи во јули 2018 година. Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и одговорот бил премногу бавен. Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови невозможна била навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.

Стојаноска:Во Платформа 1198 за Јегуновце предвидено реконструкција и изградба на инфраструра

На 24-ти април огромен број на гласачи испратија силна порака до актуелната, но и до идната власт. 

На актуелната власт и’ потпишаа решение за долгогодишен одмор, додека на идната власт и’ даваат можност да почне да ги исправа нештата, но без никаков простор за било каква грешка или пропуст, вели носителката на листа за пратеници во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска на денешниот митинг во Јегуновце.

Таа посочи, додека актуелната власт се созема од добиениот нокдаун и најавува дека ќе почнела од нула, идната власт на ВМРО-ДПМНЕ потсетува на програмата платформа 1198 и на дел од инфраструктурните проекти за општина Јегуновце.

Проектите во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Јагуновце се следните:

- Реконструкција на патниот правец Желино – Јегуновце до 2028-ма година;

- Реконструкција на патниот правец Лешок – Шемшево до 2028-ма година;

- Реконструкција и изградба на локалниот пат Копанце – Туденце;

- Локален пат од Туденце до Сириќино, реконструкција на пат во Сириќино;

- Реконструкција на локални улици во Јегуновце;

- Доизградба на фекална канализација во Јанчиште и Подбреѓе;

- Изградба на фекална канализација во Ратае;

- Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Старо Село;

- Изградба на регионален пат Рогачево и

- Тампонирање на пристапни патишта во Јанчиште, Подбреѓе, Копанце, Раотинце, Туденце и Прељубиште.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, исто така додаде Стојаноска, ветува и 5.000 денари поголеми пензии за сите пензионери уште во првата година, спорт, градинка и учебник за секое дете, дигитален попис на населението во 2026-та, доходовна поддршка за земјоделците и уште многу други проекти кои ни ги предложија граѓаните, ни ги срочија експертите, а ни ги пресметаа и одобрија финансиерите.

Посочи дека идната власт нема да креира закони во затворени канцеларии и истите криминално да ги протнува низ Парламентот, туку ќе креира закони од и за народот, закони кои ќе бидат широко и отворено дебатирани и закони кои ќе добијат заслужен професорски експертски потпис од идната претседателка на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова,се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер