Арсовски: Институциите молчат за случајот со скандалозниот наместен тендер во ЈП Водовод

Ако не е местен тендерот тогаш зошто истата фирма која ја направила реконструкцијата потоа и го добила, и тоа по ставки неколку пати поскапи од до сега.

Веќе неколку дена молчат институциите за случајот со скандалозниот наместен тендер во ЈП Водовод.

Наместен тендер како на филм од страна на Шилегов и Весковски, со најобемната доказна документација дека фирмата КБК Инженеринг е таа за која што претходно бил договорен тендерот. Уште поголема небулоза е што веќе фирмата ја извршила работата, па дури потоа го добила тендерот. Се работи за испумпување на 300.000 евра народни пари, пари на скопјани.

Денеска ќе ги презентираме разликите во цените, каде што ќе споредиме колку би чинела реконструкција на иста ваква улица по пропорции во 2017-тата година во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и колку чини сега оваа улица, на овој наместен тендер.

Тука има една обемна споредба во однос на ставките, ставка по ставка колку би чинело. Јас би издвоил неколку работи, и би се фокусирал на финалната.

На пример, геодетските работи, односно обележување на ров во 2017-та година ако чинело 19.34 денари за еден метар, сега во време на СДСМ чини 168.85 денари или за 8.7 пати поскап.

Втор пример, земјани работи, односно рачен ископ на за откривање на главна водоводна мрежа, ако во 2017-тата година чинел 250.55 денари по м2, сега чини 797,36 денари по м2 или 3.2 пати повеќе.

Машински ископ на земја во тесен обем на ров од 0-2м ако во 2017-тата година чинело 100.23 денари по м3, сега во 2021 година чини 276.73 денари по м3 или 2.8 пати повеќе.

Рачен ископ на земја во тесен обем со длабочина на ров од 0-2м во 2017-тата година чинело 250.56 денари, а сега чини 478.41 денари за м3 или дури 2 пати поскапо е сега.

Замислете подупирање на ров под слаб притисок ако чинело 1.61 ден за м2 во 2017-тата година, сега чини 140.71 денари за м2 или 87.7 пати повеќе, додека пак за подупирање во услови во јак притисок ако чинело 2.36 денари за м2 во 2017-тата година, сега чини 168.85 денари или 71.7 пати повеќе. Неверојатно.

Намерно се издвоени овие споредби, бидејќи овде нема што да поскапи изминативе 4 години.

Верувајте дека целата спецификација, ако ја видите точка по точка од овој договор, ќе видите дека секаде по неколку пати се покачувани цените. За тоа велиме испумпување на народни пари.

Или вкупно споредбата за чинење на реконструкција на улица „Варшавска" сега и колку би чинела во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2017-тата година е следнава: 5.498.174 денари би била во 2017, а сега е 14.066.921 денар или за дури 2 ипол пати повеќе.

Почитувани граѓани,

Нема што повеќе да се говори на оваа тема. Одговорност мора да има, а институциите мораат уште веднаш да си ја преземат својата работа, односно да не спијат и да постапат согласно оваа документација.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Дневен хороскоп за 11. мај 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 11. мај  2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне.

Кариера

Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас.

Кариера

Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка.

Здравје и совет

Грижите што ќе се појават се обична илузија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка.

Кариера

На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив.

Здравје и совет

Вежбајте јога за подобра концентрација.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред.

Кариера

Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење.

Здравје и совет

Останете мирни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е.

Кариера

Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите.

Здравје и совет

Вежбајте на отворено.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред.

Кариера

Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце. Ќе помине.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови.

Кариера

Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време.

Здравје и совет

Имате право да уживате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате.

Кариера

Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво.

Кариера

Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови.

Здравје и совет

Наспијте се добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни.

Кариера

Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте.

Здравје и совет

Одморете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот.

Кариера

За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите.

Здравје и совет

Следете ги своите сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака.

Кариера

На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава.

Здравје и совет

Продолжете да го градите започнатото.

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

притисни ентер