Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“ - Канал 5

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска побара извинување од СДСМ, откако генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ денеска го спомена неговото име во врска со фирмата „Дигитал оне“.

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска побара извинување од СДСМ, откако генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ денеска го спомена неговото име во врска со фирмата „Дигитал оне“, за која изјави дека добила тендери во вредност од речиси девет милиони евра.

-Денеска СДСМ повторно покажа и докажа дека влијанието од заевизмот и многуте лиценци поделени за одгледување марихуана, се уште владеат во СДСМ. Некое момче во залез на кариера после сериозен пораз на избори, нарекувајќи се втор човек во партијата, јавно се обидел да ме поврзе со некаков си тендер од неколку милиони евра, само и само затоа што сопственикот носел исто презиме како моето, објави Арсовски на Фејсбук.

Тој рече дека не го познава човекот, кој е сопственик на фирмата и побара јавно извинување од СДСМ.

-За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери. Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство, нагласи Арсовски.

За разлика од нив, додава тој, секој мој прес каде што било изнесено што било како информација, било точно и потврдено, а не како нивниве лаги и измислици.

-Знам дека се уште ги боли што ја изнесував секојдневно вистината за нивниот криминал. Избори и доверба кај народот не се добиваат со тоа што ќе измислувате непостоечки случаеви и интриги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, туку со напорна работа, реформи и програма. Така победува ВМРО-ДПМНЕ на изборите, со чесно и домаќинско работење, а криминал доколку некаде има, институциите си ја вршат работата и тоа се гледа, напиша Арсовски.

Претходно денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ изјави дека фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година добила тендери од речиси девет милиони евра.

-Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно. Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните. Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори, рече Димитријевиќ.

Последниот договор, како што додаде, е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра.

-Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра? Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е? И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски? Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага, истакна тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. 

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил.

Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста.

Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна.

Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага.

Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда.

За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење.

Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот.

Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година.

Семејството има и уште три малолетни деца.

Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. 

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф.

Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи.

Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето.

Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки.

Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата.

И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“.

Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи.

Погледнете ги снимките од инцидентот:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок.

Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер